24 Април, 2024
0.0261

Маврово – најактуелна викенд дестинација

Објавено во: Мои пари 22 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Со појавувањето на првите сончеви зраци и покачените температури, почнуваме почесто да размислуваме за прошетки во природа и викенд излети во нашите најубави планински предели. Чистиот воздух, сонцето и мирот што таму ги наоѓаме,  нѐ мамат да се тргнеме од градскиот метеж и да уживаме во природните убавини. Дочекајте го најубавото годишно време – пролет, со неверојатен поглед на синото езеро, зеленилото и шумите што ги нуди Националниот парк Маврово, едно од најактуелните места за планински одмор. Обезбедете си ја својата идна викенд-дестинација, својот иден дом во природна и чиста еколошка средина, далеку од градот и загадениот воздух.


Сега имате одлична можност по цена од 650 евра до 830 евра за м2, да купите еден од неколкуте преостанати апартмани. Во Маврово на располагање има хотели, викендички, одморалишта, но станови-апартмани досега немало. На овој начин за атрактивна цена добивате лично свој апартман на располагање во текот на целата година, а не само периодично. Добивате комодитет и се разбира сопственост на станот што подоцна ако не сакате да го користите, може да го изнајмувате. Кога ќе пресметате колку годишно давате за престој на планина, ако сте по скијањето или пак сте љубители на планинарски активности, на овој начин истите средства, а може и помалку ќе ги вратите преку сопственоста на станот.

Објектот располага со 105 апартмани со квадратура од 30 до 50 м2. Еднособните станови вклучуваат кујна, дневна соба и бања, а останатите вклучуваат дневна соба, спална, бања и кујна. Изложеноста на апартманите во зависност од големината и позиционираноста може да биде кон езерото или кон планината, така што секоја страна и секој агол од комплексот нуди поглед во бескрајот на природната убавина. Целиот објект е направен по највисоки стандарди, енергетски е ефикасен, а има и своја трафостаница. Апартманите се опремени со висококвалитетен ламинатен паркет Кронтекс произведен во Германија и високо квалитетни увозни керамички плочки. Станбениот комплекс има  5 типови на апартмани распоредени на 5 ката. Придржувајќи се кон принципот на комплетна услуга и работејќи по методот на дизајн, изведба и уредување до “клуч на рака”, идните сопственици на овие станови ќе добијат целосно опремен дом со сите неопходни елементи и содржини, освен финалното опремување на домот со мебел.

За повеќе информации посетете ја веб страната на комплексот www.stanovimavrovo.mkфејсбук страната https://www.facebook.com/stanbenkompleksMavrovo/ или пак контактирајте го тимот за продажба на 078 30 30 59.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка