Добивај вести на Viber
Јапонскиот производител на автомобили Мазда ја врати профитабилноста, но ја намали прогнозата за годишната продажба. Ова се слуши поради територијалните спорови меѓу Јапонија и Кина, кои доведоа до кинески бојкот на увоз на многу јапонски производи. Петтата по големина јапонска автомобилска компанија во првата половина на својата фискална година оствари нето профит од 5,74 милијарди јени (71,4 милиони долари), во однос на нето загубата од 39,88 милијарди јени во истиот период претходната година. Позитивните промени се резултат пред се на намалените трошоци и испорака на популарни модели.
Производителот на автомобили Субару исто така соопшти добри вести. За само еден месец продадени се 4.277 автомобили од новиот модел Субару XV, што е за дури четири пати повеќе од предвиденото.