29 Март, 2024
0.0860

McDonald's го промени своето кинеско име

Објавено во: Стил 26 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Американскиот синџир на брза храна "Мекдоналдс" го менува своето правно име во Кина, објавија локалните медиуми. Во моментов, објектите на компанијата работат под брендот Maidanglao, како и името на компанијата. Тоа сепак ќе биде променето на "Jin Gong Men Co", што во превод значи "Златната аркА". Причината е тоа што франшизата се менува.

Рестораните сеуште ќе го носат познатиот Maidanglao, обезбеден од синџирот на брза храна. Според интернет корисниците новото име на компанијата звучи повеќе како име на пекингшки ресторан или традиционална продавница за кинеска медицина.

За странските компании, изборот на кинеско име е многу тешка задача. Американската компанија Airbnb претходно оваа година го избра Aibiying. 

Тука, клиентите повторно изразија незадоволство, бидејќи новото име беше тешко да се каже. Минатиот месец тимот на кошаркарскиот тим Dallas Mavericks ги замоли навивачите да измислат ново кинеско име, бидејќи сегашното Xiaonui значело "мали крави".

Вообичаено, големите западни брендови избираат кинески имиња за да бидат препознатливи за потрошувачите. Кока-кола е позната како Ke kou ke ke, што преведува "вкусно и забавно". Пребарувачот на Google е "Gu ge" .

McDonald's го отвори својот прв ресторан во Кина во 1990 година . Од тогаш наваму синџирот не престанува да расте. Рестораните се под влијание на западниот животен стил и се од голем интерес за кинеските потрошувачи. Сепак во последните години се забележува одлив на клиенти, бидејќи се зголемува пребарувања на алтернативни можности за здрава исхрана.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи