24 Април, 2024
0.0270

Медарски: Новиот Јавен обвинител треба да ги исчисти партиските кадри и криминалот

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Започна процедурата за избор на нов јавен обвинител која со оглед на досегашните натегања меѓу власта и опозицијата како за разрешувањето на Зврлевски сигурно ќе потрае. Тоа ни дава време и простор на јавноста да и претставиме каков нов јавен обвинител и треба на Македонија, а со тоа и да извршиме притисок врз политичките елити дека конечно треба да овозможат функционирање на оваа многу важна правосудна институција која често се политизираше. За идеалниот кандидат и начините како да се надминат политичките пречки разговараме со адвокатот Филип Медарски.

Фактор: По огромните критики за работењето на Марко Зврлевски што доведе и до формирање на СЈО што ќе треба да направи новиот Јавен обвинител за да ја врати довербата во Јавното обвинителство на Република Македонија?

Медарски: Она што ќе мора јавниот обвинител веднаш да го направи за да ја врати довербата на институцијата е сериозно да се зафати со расчистување на сите големи корупциски случаи, за кои јавноста имаше определени сознанија, а кои не беа во надлежност на СЈО. Потоа, ќе мора многу брзо да го исчисти обвинителството од партиски кадри и со тоа да го ограничи партиското влијание на оваа институција. И трето, ќе мора многу будно да го следи практикувањето на власта од новата Влада и да реагира секогаш кога ќе има индиции за сторен криминал.

Фактор: Какви се очекувањата на правната фела во Македонија, мислите ли дека новиот јавен обвинител ќе биде докажан правник кој бескомпромисно ќе го следи словото на законот или пак обвинител кој повеќе ќе делува политички?

Медарски: Очекувањата на правната фела се дека конечно ќе добиеме обвинител, кој неселективно ќе се зафати со расчистување на криминалот. Ова е голем предизвик за новата власт и исклучително претпазливо треба да пристапи во изборот, бидејќи со тој избор ќе испрати голема порака до јавноста.

Фактор: Постојат ли механизми да се осигура независноста на Јавниот обвинител, што се треба да се направи за да се гарантира дека нема има злоупотреби на оваа многу важна правосудна институција?

Медарски: Не е проблем во механизмите, тие постојат и во сегашната регулатива, потребно е да се најде личност со личен и професионален интегритет, која ќе остане имуна на секакви влијанија. Во минатото се покажало дека имало такви личности. Не треба да заборавиме дека постапката за избор на обвинител е во суштина политичка, Владата го предлага, а Собранието ги бира обвинителот. Токму затоа, битно е да се најде личност која ќе има интегритет да се спротивстави на секој обид за политичко влијание.

Фактор: Може ли обвинител од редовите на СЈО да конкурира на објавениот оглас и доколку истиот биде избран што тоа ќе значи за односите меѓу СЈО и ОЈО, би имало ли необична ситуација на судир на интереси?

Медарски: Со формирањето на СЈО, ние добивме една институција која требаше да го рестартира не само правосудниот систем, туку и целокупниот државен механизам, кој беше целосно партизиран и нефункционален. Колку во тоа обвинителите од СЈО навистина успеаја може да дебатираме, но она што е неспорно е дека добивме еден нов квалитет во јавнообвинителското постапување и дека тие обвинители поставија нови стандарди во професијата. Со тоа, тие покажаа дека можат да обавуваат било која правосудна функција, вклучително и онаа на јавен обвинител на Р.М. Судир на интереси мислам не би имало, бидејќи постојат размислувања СЈО да биде вклопено во постоечкото јавно обвинителство.

Единствен проблем за некој од тие обвинители да биде избран сега на оваа позиција може да биде тоа што по мое мислење тие се уште ја немаат завршено својата работа во СЈО. Оваа работа ќе биде завршена, кога јавноста ќе види правосилни пресуди по подигнатите обвиненија од нивна страна.

Фактор: Со оглед дека досега опозицијата пружаше огромен отпор за разрешување на Зврлевски постои можност тие и да не го признаваат легитимитетот на новиот јавен обвинител кој ќе биде избран. Како да се создаде политички консензус за новиот јавен обвинител да работи непречено и без партиски или политички сопки?

Медарски: Сегашната опозиција мислам дека не покажа демократска зрелост и секое решение, кое сега ќе биде предложено од Владата ќе биде дочекано со огромен отпор од нивна страна. Впрочем, тие тоа и го најавија. Во иднина, доколку се створат претпоставки за тоа, зошто да не се даде можност тие да го предлагаат јавниот обвинител? Прва таква претпоставка би била демократската зрелост и конструктивноста на опозицијата. Видовме дека постојат сериозни размислувања за тоа.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција