МЕДИУМИТЕ ОД РЕГИОНОТ: Македонија падна во целосен ќорсокак
Објавено во: Балкан 02 Март, 2017
Деновиве медиумите од соседството пишуваат за случувањата во Македонија и за фактот дека претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов не го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
„Македонија падна во целосен ќорсокак“, информира бугарската Нова тв. Телевизијата наведува дека претседателот одбива да даде мандат за формирање влада
„Наскоро добива мандат, подготвен да води држава“, пишува српски Курир за Заев. Вчера истиот медиум објави текст со изјавата на Заев кој вели дека Иванов извршил државен удар.
„Криза во Македонија, Хан: Сите лидери мора да го почитуваат исходот од изборите“ - пишува српски Блиц.
„Рама: Без Албанците нема Македонија“ и „Скопје: Повторно протест „За заедничка Македонија“, пишува Б92.