29 Март, 2024
0.0230

Отворена манифестацијата „Денови на македонскиот мед“

Медот носи добра заработка ама и многу работа

Објавено во: Агробизнис 22 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Од пчеларството може пристојно да се живее. Меѓутоа, пред да се обезбедат приходи од пчеларството, потребно е да се вложи повеќе труд отколку пари. Познавачите ги советуваат почетниците најпрво да го научат занаетот од искусните пчелари, а потоа да соберат близу 1000 евра и да купат пет кошници и опрема .

Првата година треба само да се одржат пчелите во живот, а втората е резервирана за отплата на вложеното, додека првиот профит треба да го очекувате во третата година.

„Праксата во оваа работа е исклучително важна. Да речеме, искусните пчелари знаат кога друштвото во кошницата го достигнало максимумот и кога треба да се преброи. Така од една кошница може да се направат уште три. Почетникот кој не умее да го оцени вистинскиот момент за пребројување на матиците може да згреши и да повлече со себе уште две третини од друштвото“, раскажува пчеларот Петре кој веќе со години одгледува пчели и произведува мед.

После одговарачката пракса се препорачува да се купат пет кошници . На секоја кошница оди и рој пчели, додека за вадење на медот се користи центрифуга.

На препарати за заштита на пчелите годишно одат околу пет евра по кошница. Пчелите е потребно да се прехранат со шеќерен сируп во беспашниот период. На пет кошници се потребни околу 250 кг шеќер во сезона.

-Од една кошница пчеларите годишно можат да добијат околу 30 кг мед, додека почетниците треба да рачунаат на значајно помала количина. 

Заработката по количина е задоволителна. Професионалните пчелари, кои од продажбата на мед ги издржуваат семејствата, имаат минимум 100 кошници.

Имено деновие во главниот град се одржува манифестацијата  „Денови на македонскиот мед“.  

Прошетајте на улица Македонија и ќе сретнете многу производители кои ќе ви кажат повеќе за тоа како го прават медот и колку заработуваат, а ние преку фотографии ќе ви доловиме дел од атмосферата на медената улица во Скопје.

Вчера пак Пчеларската федералција на Македонија побара поголема државна поддршка и нова развојна стратегија која на секторот ќе му даде дополнителна шанса за успех. Тие бараат поголеми државни субвенции за производство на мед и медни производи, како и брендирање на македонскиот мед со што ќе имаат поголема шанса и за промоција и секако пласман на меѓународниот пазар бидејќи квалитетот го поседуваат.


Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи