24 Април, 2024
0.0314

Мега-енергетскиот проект „Бошков мост“ нема да го види светлото на денот: ЕБОР нема да „удри“ врз дивиот свет!

Објавено во: Економија 18 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Мега-енергетскиот проект кој го најавуваа со години повеќе политички гарнитури официјално нема да се случи.

Европската банка за обнова и развој официјално ја откажа изградбата на електраната и нема да финансира проект кој беше оспоруван од страна на екологистите.

Од енергетски аспект, изградбата на оваа хидроцентрала ќе влијаеше врз намалување на увозот на струја, но од еколошки аспект, биолозите алармираа дека на Мавровскиот национален резерват му се заканува пропаст, и исезнување на балканскиот рис.

Сигнал за запирање на проектот уште лани

Минатата година првичните коментари од банката беа дека реализацијата на проектот нема да ја загрози животната средина, но ставовите брзо се променија. 

Портпаролката на ЕБОР во врска со најавените инвестиции во хидроенергетскиот проект „Бошков Мост“, лани изјави дека проектот е стопиран и дека во тек е изработка на нова студија, а целата процедура околу проектите беше моментално запрена.

„Во тек е спроведување на „нова“ студија за оценка на влијанието врз животната средина. Се додека студијата не се заврши, нема да се преземаат никакви активности. Поради жестоките реакции од страна на експертите од областа на заштита на животната средина и засегнатата поширока јавност, работата на терен е отежната. Многу е веројатно дека ќе треба да се свртиме и да се откажеме“, рече тогаш претставникот на ЕБОР за британски Гардиан.

Дел од екологистите укажуваа дека недостасува длабинска анализа за влијанието на проектот, и дека целата постапка досега не а направена како што треба.

ЕБОР ги слушна екологистите и нема да го униши дивиот свет во Маврово

Мавровскиот национален парк содржи стара букова шума и ретки примероци од животни, како што е рисот. Мавровскиот национален парк се простира на површина од 73.000 хектари, и лежи на границата со Албанија и Косово.

Националниот парк „Маврово“ во Македонија – признаен од страна на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) – е еден од најстарите национални паркови во Европа. Според IUCN, национални паркови се области издвоени со цел да се заштитат големите екосистеми од негативното човечко влијание. Како такви, националните паркови се области каде се забранети  големи хидроелектрани или било кои други деструктивни форми на користење на земјиштето. Националниот парк Маврово на меѓународно ниво е означен како значајно растително подрачје, значајно подрачје за птици, подрачје од клучно значење за биодиверзитетот како и Емералд подрачје. Содржи тринаесет загрозени живеалишта и бројни ендемски и/или загрозени видови наведени во анексите на Бернската конвенција. Маврово е дом на единствената останата популација на балканскиот рис (Lynx lynx ssp. Balcanicus) и на една од последните преостанати недопрени букови шуми на Балканот. 

„Изведбата на еден ваков проект, која минимум би траела 5 години и за чие времетраење важат одредбите од законот за градење, би може да го доведе во прашање постоењето на самиот национален парк. Планираните хидроенергетски проекти во Маврово не само што се закана за живеалиштата на голем број загрозени видови, туку и ја поткопуваат самата идеја за национални паркови во целина. Ова испраќа катастрофална порака до меѓународната заедница во однос на значењето кое Република Македонија им ја придава на националните паркови кои претстацуваат само 6% од вкупната територија на Македонија. Исто така, овие проекти се во спротивност со правото на ЕУ, меѓу другото со директивите за живеалишта и птици кои се правен основ за воспоставување на мрежата Натура 2000 и Рамковната директива за води“, укажуваше Александра Бујароска, од Еколошко здружение на граѓани „Фронт 21/42“.

ЕЛЕМ продолжува со активностите

Носителот на проектот засега не се откажува . Велат ќе продолжат со процесните активности кои не се предмет на грижа и ќе изготви платформа за креирање на понатамошните одлуки. 

„АД ЕЛЕМ смета дека проектот ХЕЦ Бошков Мост е значаен бидејќи ќе придонесе за зголемување на домашното производство на електрична енергија и ќе го збогати портфолиото на обновливи извори во Република Македонија“ - посочуваат од ЕЛЕМ.

Голема штета врз флората и фауната ако се изградат хидроцентралите

Многумина од екологистите не се против изградба на хидроцентрали, но сепак категорично велат дека тоа не смее да им биде на штета на флората и фауната.

Со оглед на фактот дека поголем број научиници ширум светот се со став дека изградбата е опасност, ја поддржуваме идејата да се запре со финансираењ на овие проекти. Не сме против хидро-енергијата, но тоа не смее да биде на штета на флората и фауната во овој дел на Македонија. Бизнис интересите не смеат да бидат пред заштитата на животната средина и природата, рече тогаш Ненад Коциќ, од еколошкото здружение “Вила Зора”. 

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава