19 Април, 2024
0.0284

МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ШТЕДЕЊЕ: Се повеќе Македонци се одлучуваат за животно осигурување како сигурен облик на штедење

Објавено во: Мои пари 31 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Животното осигурување станува се потрактивно за македонските граѓани кои се повеќе ја согледуваат корисноста на полисата за животно осигурување. Се повеќе граѓани го препознаваат животното осигурување како принуден облик на штедење кое им гарантира сигурна заштеда овозможувајќи им истовремено сигурност при можни ризици.

Овој финансиски инструмент покрај исплатата на осигурително покритие при немил настан, на своите корисници им гарантира исплата на вложените средства заедно со припишана добивка по истекот на осигурителниот период. Односно, доколку не настане осигурен случај, осигуреникот ги добива вложените средства зголемени за припишана добивка, која ја припишува осигурителната компанија. 

Првата и водечка осигурителна компанија за животно осигурување во земјава, Кроациа Осигурување – Живот, трета година по ред врши исплата на осигурени суми кон своите осигуреници кои склучиле полиса пред повеќе од 10 години.

Имајќи го предвид самиот концепт на животно осигурување, кој подразбира поврат на  вложените средства по истекот на осигурувањето заедно со припишана добивка, во 2018 година ќе исплататиме осигурени суми за доживување кон нашите осигуреници во износ од 1,3 милион евра. Секако, наша примарна обврска е да понудиме сигурност за осигурениците при можни ризици, штедната компонента е само една дополнителна бенефиција на полисата за осигурување на живот – велат од Кроациа Осигурување – Живот АД. Скопје.

Клучна предност која ја има овој финансиски производ, а која ја препознаа македонските граѓани, е комбинацијата на штедна и осигурителна компонента. Македонците препознаа дека ова е единствениот финансиски инструмент кој овозможува долгорочно штедење со истовремено осигурување од неколку ризици (смрт, незгода и болест). 

Можеби ќе ве интересира

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024