19 Април, 2024
0.0283

Меѓународниот ден на телекомуникациите ВИП го одбележа со финалистите на светскиот натпревар NASA SPACE APPS CHALLENGE

Објавено во: Мои пари 17 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Телекомуникациската компанија Вип како официјален партнер на светскиот натпревар NASA SPACE APPS CHALLENGE беше домаќин на финалето што се одржа денеска и заедно со финалистите и со членовите на наградениот проект на младиот тим SWIFT,составен од средношколците од државното средно училиште “Раде Јовчевски Корчагин” го одбележа меѓународниот ден на телекомуникациите.

“Особена чест ни е штомеѓународниот ден на телекомуникациите го одбележуваме заедно со младите и талентирани луѓе, учесници на NASA SPACE APPS CHALLENGE бидејќи убедени сме дека токму тие се иднината на телекомуникациите, на ИТ индустријата и на поврзаните индустрии воопшто.  Минативе две седмици бевме сведоци на позитивна енергија, многу ентузијазам и идеи, среќни сме што и преку нашите интерни ресурси дадовме придонес во реализацијата на овој настан кој ја става Македонија на мапата на светските настани, изјави Димитар Ковачевски Извршен директор на Вип.

NASA SPACE APPS CHALLENGE се одржуваше од 28ми до 30 април во Скопје. За наградата од Македонија се натпреваруваа 170 млади програмери, инженери, дизајнери, истражувачи, иноватори и претприемачи, а во финалето влегоа 3 тима кои пред жири комисија ги презентираа своите идеи. Победничкиот тимќе патува во Kennedy Space Центарот на NASA и ќе има можност во живо да го следи лансирањето на вселенско летало како и да го презентира своето решение пред претставници на NASA.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година