19 Април, 2024
0.0271

Меѓународните финансиски институции, арни се кога фалат, не чинат кога кудат?!

Објавено во: Финансии 25 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

„Стандард и Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Македонија, но тоа предизвика огромен револт кај македонските власти. Кога Стандард и Пурс се во право, кога го потврдуваат кредитниот рејтинг на Македонија или кога го намалуваат? Во двете ситуации имаме различни реакции на македонските институции. Зошто? Која е причината реномираната агенција „Стандард и Пурс“ да го намали кредитниот рејтинг на Македонија. Просто неверојатно е агенцијата да има задни намери за нас или дека ја мрази Македонија. Веројатно подобро ќе биде да ја прифатиме оценката на „Стандард и Пурс“, да ги прифатиме забелешките кои и онака сите ги знаеме, коментира домашната експертска јавност. Како министерството за финасии ги читаше оценки на „Стандард и Пурс“ годините наназад?        На 23 септември 2009, кога меѓународната рејтинг-агенција „Стандард и Пурс“ го подобри кредитниот рејтинг на земјава од „ББ-негативен“ во „ББ-стабилен“, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека кредитниот рејтинг е вратен на ниво од пред кризата, што е успех, бидејќи покажува дека сме ги надминале оние најголеми тешкотии од кризата, пренесе тогаш МИА. Ставрески тогаш рече дека ова е уште еден позитивен сигнал за земјата, кој е базиран врз основа на намалувањето на екстерните ризици, намалувањето на дефицитот на платниот биланс и потврдата дека веќе нема никакви ризици врз економската стабилност. На 31 март 2011 година Агенцијата за кредитни рејтинзи „Стандард и Пурс“ ја потврди оценката за Македонија која тогаш остана со кредитен рејтинг ББ стабилен и по повлекувањето на средствата од Меѓунариодниот монетарен фонд изјави на 31 март 2011 година вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. „Тие потврдија дека повлекувањето на средствата од ММФ воопшто нема да влијае на оценката на „Стандард и Пурс“ за Македонија“ дополни Ставрески. Министерот смета дека најдобро за економијата е што побрзо да завршат изборите и да се формира нова влада која ќе ја презентира својата четиригодишна програма и ќе ги објави своите политики. 24 мај 2013 година од ББ на ББ- падна кредитниот рејтинг на Македонија од Агенцијата за кредитен рејтинг  „Стандард и Пурс“ за долгорочно задолжување во домашна и странска валута.  Еве ја реакцијата на министерството за финансии. Министерството за финансии преку соопштение го прогласи извештајот на Стандард и Пурс за неконзистентен и нелогичен и обвини за грубо мешање во внатрешните работи на земјата. Оттаму ги повторија своите ставови дека Македонија е единствена од земјите од Југоисточна Европа која го реши проблемот со исплата на обврските кон стопанството, таа е четврта најниско задолжена земја во Европа, македонските институции се исклучително транспарентни… „Намалувањето на кредитниот рејтинг се поврзува со намалената проекција за економски раст и заостанати обврски на буџетот и можност за нивно акумулирање до крајот на годината. Ова е многу чудно и неконзистентно објаснување, ако се има предвид дека во 2012 година S&P го задржа рејтингот на Македонија на исто ниво во услови на негативна стапка на БДП и нерешени обврски кон стопанството. А сега во 2013 година кога растот на економијата е позитивен и има први знаци на заздравување, а заостанатите обврски се целосно измирени и долгот е сведен на нула – S&P го намалува рејтингот на земјата“, пишува во соопштението на Министерството и се додава. „Агенцијата со својот извештај си дозволува и да се меша во внатрешната политика на земјата зборувајќи за случувањата во Собранието околу носењето на Буџетот за 2013 година и сосема несоодветно зазема страна споменувајќи дека „членови на опозицијата биле отстранети од Собранието за да се избегне дискусија за зголемените расходи на владата“. На тој начин се прејудицираат случувањата од 24 декември кои се предмет на испитување на Анкетната комисија, а агенцијата грубо се меша во внатрешната политика на земјата“, посочуваат од Финансии. Никола Поповски за вчерашната оценка на „Стандард и Пурс“: Падот на рејтингот беше очекуван Во изјава за Телма, поранешниот министер за финансии Никола Поповски вели дека извештајот на агенцијата „Стандард и пурс“ не треба да биде изненадување , а домашните експерти одамна предупредуваат дека јавниот долг е на едно тешко одржливо ниво. Тој нагласува дека острата реакција на Министерството за финансии е неоправдана бидејќи станува збор за Агенција со висок кредибилитет во светот. Тоа што Министерството вели дека за разлика од други земји кај кои јавниот долг е 60 отсто, а во Македонија 33 проценти, не е доказ за финансиска стабилност, бидејќи има земји кај кои тој процент е и 100 и 200 отсто, но економијата има моќ да го сервисира, заклучува Поповски. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин