Меѓу 10 и 15 милијарди евра,финансиска помош за Кипар
Објавено во: Свет 15 Март, 2013
Финансиската помош од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд за Кипар ќе изнесува меѓу 10 и 15 милијарди евра, изјави претставник на Европската комисија.
Еврогрупата вечерва ќе одржи седница за поддршката на Никозија, по завршувањето на Самитот на ЕУ во Брисел.
Кипар во замена за финансиската помош од тројката меѓународни кредитори, составена од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарерн фонд ќе треба да го зајакне законодавството во борбата против перењето пари.