29 Март, 2024
0.0270

Меѓународна конференција за човечки ресурси

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

„Човечките ресурси како бизнис партнер“ е тема на Меѓународна конференција за човечки ресурси што денеска се одржува во Скопје во организација на Македонската асоцијација за човечки ресурси.

Патот кон евроинтеграциите како определба на нашата држава, според министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, ги наметнува потребите од промени во менаџментот заради континуиран развој на сите области.

- Создавањето интегрирани системи за управување со човечките ресурси во организациите е полесно изводливо во помалите организации и компании во приватниот сектор. Државната и јавната администрација има свои програмски цели за спроведување реформи во оваа област, градење соодветна инфраструктура за воведување ефикасни процеси и механизми во управување со човечките ресурси, истакна Ристовски.

За развој на секоја област и професија, тој смета дека е неопходно партнерство кое треба да се гради меѓу приватниот и јавниот сектор, заради обезбедување општоприфатени стандарди за работа, кои ќе придонесат за поквалитетна и поефикасна соработка при што од големо значење е можноста за размена на искуства и дефинирање на потребите од општ интерес.

- Една од програмските цели на Владата е привлекувањето странски инвестиции, за што се води отворена политика и се обезбедуваат поволни услови за вработување кадри, пред се со политики на ниски расходи за вработените преку даночни олеснувања и едни од најниските придонеси за плата во Европа, рече Ристовски.

Македонската асоцијација за човечки ресурси, како што информира претседателката Христина Лозаноска годинава добила членство во европската асоцијација со што, рече, се отвораат можности за интернационална интеграција и активно вклучување во проекти за стандардизација и сертификација на професијата во регионално и пошироко значење.

- Човечките ресурси се  бизнис партнери на компаниите и организациите, а партнерството се гради со почитување на заедничките потреби и интереси, нагласи Лозаноска.

Менаџирањето на човечките ресурси е дел од стратегијата на Цементарница УСЈЕ, истакна Магдалена Славејкова, менаџер за човечки ресурси во компанијата.

- Неопходен е развој на луѓето, нивна доспецијализација или промена на специјализацијата и развој на останати вештини, како што е комуникацијата и слично, со што се придонесува луѓето да може да се соочат со новите барања и предизвици со кои се соочува компанијата, со цел остварување на целите на компанијата и за одржлив развој, рече Славејкова.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?