Добивај вести на Viber
Економијата на Мексико постигнува импресивни резултати и покрај економската криза во светот. Мексико привлекува се поголемо внимание на странските инвеститори поради солвентноста на своите банки, при што ББВА, Банкомер, Сантандер, имаат приход од нето имот од 20 отсто, што е двојно повеќе од европските банки.
Со ланскиот економски раст, Мексико го надмина и Бразил, а повеќе од 700 илјади нови работни места се отворија само во 2010 година. Мексиканските фабрики забележуваат рекорден извоз на апарати за домаќинство и се закана за Кина во дел од американскиот пазар. Инфлацијата и долговите се релативно ниски и за првпат миграцијата во САД е на нула годинава.