Меланија Трамп ќе го тужи Дејли Мејл кој тврдеше дека била проститутка
Објавено во: Свет 09 Февруари, 2017
Меланија Трамп, новата прва дама на САД, ќе поведе нова судска постапка против британскиот таблоид Дејли Мејли, кој објави натпис дека таа работела како ескорт дама.
За нанесената штета врз угледот и достоинството на Меланија Трамп ќе бидат побарани 150 милиони долари бидејќи Дејли Мејл не може да ги потврди овие тврдења.
Добро познато е дека Меланија имаше долга кариера како фото модел, често и со провокативни снимања, но еден словенечки весник му ги дал информациите на Дејли Мејл дека во 1990-та Меланија Кнавс во Њујорк била ангажирана преку агенција како елитна протиститутка.