25 Април, 2024
0.0273

МЕЛЕЗИЈА НЕ САКА ДА ГО ВРАТИ ТЕЛОТО НА БРАТОТ НА КИМ: Кореја бара ДНК примерок од семејството

Објавено во: Свет 17 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Малезија нема да го врати телото на полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џон ун, кој починал во Куала Лампур, додека неговото семејство не обезбеди примероци од ДНК, и покрај барањето на Пјонгјанг, изјавил денеска Абдул Самах Мат, шеф на полицијата на малезиската држава Селангор.

„Досега ниту еден член на семејството ниту роднина не дошол да го идентификува или преземе телото. Потребна ни е ДНК од некој од членовите на семејството за да ја споредиме со починатиот“, изјавил Мат.

Според неговите зборови Северна Кореја упатила барање за преземање на телото, но пред тоа мораат да го идентификуваат починатиот, додал Мат.

Портпаролот на малезискиот премиер Ахмад Захид Хамиди изјавил вчера дека Малезија ќе го врати телото на полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џон ун , на барање на Пјонгјанг.

„Ќе излеземе пресрет на барањето на било која странска влада иако постојат процедури, кои мораме да ги почитуваме. Нашата политика е да ги почитуваме билатералните односи со сите држави“, рекол Хамид.

Малезиската полиција вчера приведе и трето лице осомничено а поврзано со убиството на Ким Џон нем.

Приведен е маж, „животен партнер на втората жена осомничена во рамки на истрагата“, рекол шефот на полицијата во Сеалнгор Абу Самах

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек