20 Април, 2024
0.0432

Мелничарите лути – да се укине мерката со која поскапе фитосанитарната анализа

Објавено во: Агробизнис 10 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Meлничарите бараат итно поништување на новата мерка при увоз на пченица, која се однесува на зголемување на висината на надоместокот за фитосанитарната анализа.

Велат дека со ова зголемување на цената кое важи од 2 август, надоместокот ќе изнесува околу 12.600 денари по камион при одобрување влез на увезена пченица во државата и уште толку при царинење, или вкупно 25.200 денари.

Објаснуваат дека со оваа мерка цената за фитосанитарната анализа при увоз само на пченица е зголемена за 833 проценти, што е спротивно и на правилата на ЦЕФТА и на СТО.

Мерката била донесена од страна на Државниот инспекторат за земјоделство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство без претходни консултации со претставници од индустријата.

Мелничарите сметаат дека е потребно при носењето на мерките да се има предвид поврзаноста на производството на пченица и производството на брашно, затоа што тие се меѓусебно зависни. Револтирани се бидејќи во последните две години анализата се наплаќа двојно, еднаш при увоз на пченица, и повторно, при нејзино царинење.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари