26 Мај, 2017
0.0755

Менаџирање на договорните односи во земјоделското стопанство

Објавено во: Колумни 20 Март, 2017

Менаџирање на договорните односи во земјоделското стопанство

Голем дел од односите на стопанството со другите агенти се управува со помош на различни договори. На пример, кога се купуваат материјали, горива или хемиски средства од пазарот, се користи момементен контракт, со кои се прифаќа предложената роба со соодветна цена визави задолжително плаќање на лице место. При ангажирањето на работна сила се заклучува договор, со кој што двете страни се договараат за тоа како ќе се исполни наемната работа, за условите и роковите на работа, за начинот на плаќање и.т.н. Кај реализацијата на земјоделските производи често се користат долгорочни договори со откупувачите, фабриките и складиштата, кога се прецизираат количините, квалитетот, времето на испорака,цените и друго.Исто така кај формирањето на задругата (кооперативата) земјоделецот потпишува договор, дека ги прифаќа условите на основачкиот договор на организацијата со кои се регулираат правата и должностите на членовите. И покрај големата важност на фармерскиот менаџмент, сеуште управувањето на договорни односи во земјоделските стопанства недоволно се истражува од агроекономистите. Напротив тој клучен аспект во управувањето на земјоделските стопанства е “оставен“ на правниците. Со овој напис сакаме да го повлечеме економското значење на управувањето на договорните односи, по таа извесна класификација на договорите како и нивната класификација според договорните форми во различни функционални области на земјоделското стопанство.

Дефиниција- Договорот е средство за договорна размена на права и должности помеѓу две или повеќе страни со кој се управуваат взаемните односи во взаемен интерес. Правата кои што странките си ги даваат и добиваат можат да бидат врз природни ресурси, финансиски средства, ствари,дејности и друго. Предмет на договорот се само правата кои дадените странки реално ги поседуваат, како право на сопственост, право на користење, право на остварување на доход и друго. Првостепеното распоредување на правата и должностите помеѓу странките во општеството (“правилата на игра“) се прават од законите и нормативните акти, од традицијата, моралните, религиозните и етичките норми. Во денешни услови, голем дел од взаемните односи на странките од земјоделството се регулираат (управуваат) од законите и нормите на целиот систем. На пример не можат да бидат предмет на договор (тргување) земјоделски производи кои штоне  одговараат на минималните стандарди за квалитет и безбедност во исхраната. Објект на продажба може да биде единствено право на користење на работната сила, но не и личноста на работникот. Надворешните уредени правила и ограничувања (државата и слично) треба да ги олеснат взаемните односи на економските субјекти. Поради голема разнообразност која се јавува во праксата, кај индивидуалните учесници, надворешното уредување (регулирање) не може да ги опфати сите специфичности. Според Williamson (1996) “Договорот е средство со кое индивидуалните агенти ги оптимизираат взаемните односи создавајќи лични правила за својата размена адаптирана за нивните специфични услови и потреби“. Единственото институционално ограничување е: правните договори да не противречат на законите и да не ги нарушуваат интересите на другите. Управувањето на договорните односи често одзема не мал дел од усилбите на менаџерите кај пазарните земјоделски стопанства и фарми, сврзано е со не мали директни и индиректни трошоци (за информации, припреми на договорот, регистрации, контролирање на исполнувањето, спорови во судови, загуби од нереализирани очекувања и друго).

Елементи на управување на договорните односи- Управувањето најчесто ги вклучува следните елементи: идентификација на потребите од договорен однос, избор на договорна форма, наоѓање на соодветен партнер, договор за условите за размена, подготовка и потпишување на договорот, исполнување и контрола на договорот, подготвување во процесот на исполнување и контрола на договорот, подготвување во процесот на исполнување на одредбите, оспорување на клаузулите, завршување или прекинување на договорот.

Прво- Менаџерот треба да ги идентифицира своите потреби за взаемни односи со други субјекти – снабдувачи на ресурси, труд, финансиски купувачи, купувачи на производи и друго. Потребите произлегуваат од плановите и анализите за развој на стопанството и на неговите функции (производство, финансирање, маркетинг), како и од оперативните потреби на бизнисот.

Второ- Кога се дефинирани потребите за определен тип взаемни односи со друг субјект, треба да се определи најефективана форма за организирање на извршувањето. Најчесто земјоделецот може да бира помеѓу неколку алтернативи за взаемни односи како: моментална размена на слободниот пазар, долгорочен договор, кооперирање и слично. Алтернативните форми имаат различни предности и недостатоци, како: овозможуваат различни погодности на фармата, имаат нееднакви трошоци за огранизација, даваат различни можности за адаптација, сврзани се со ,  степен на ризик и друго. На пример, пазарната реализација на производите (пазар, берза) е поврзана со ниски трошоци за договарање и дава слобода на фармата да го промени непожелниот партнер или пазар. Меѓутоа таа фарма често е сврзана со сериозен ризик, за нестабилност на цената, недостиг на побарувачка и нестабилност на доходот. Значи задача е да се оценат практичните можности и форми на договорните односи и избор на најефективна форма за стопанството.

Трето-Откако е избрана договорната форма, останува исто така не помалку лесна задача да се најде погоден партнер за размена. Обикновено различните странки имаат различни квалитети – различен кредибилитет, различни можности за исполнување на договорните задолженија, различна е подготвеноста за соработка од взаемна полза и друго. Кредибилитетот на партнерот е особено важен за долгорочни односи, кои најчесто се сврзани со голема неопределеност, потреба од адаптација, конфликтни ситуации и кооперативност. Примерно, при заклучувањето на трудови договори пожелен е работник или специјалист со “добро име“, кај договор за продажба се избегнува некоректен купувач со “лоша репутација“, здружување со блиски роднини и пријатели има предност и слично.

Четврто-Откако е најден (избран) потенцијален партнер потребно е прецизно да се договорат условите за размената, односно да се испазарат цените, роковите, начинот на плаќање и друго. Овој сегмент е особено важен, бидејќи до голем степен ја предодредува ефективноста на договорните односи во целост. На пример, ако кај закуп на земја не се уточни договорениот рок или условите за прекинување на закупот, тоа може да доведе до големи загуби на долгогодишните вложувања на стопанството.

Петто- Подготовката и потпишувањето на договорот е важен дел од управувањето на договорните односи. Многу од договорните односи на земјоделските стопанства не се сврзани со потребата од писмен договор- купување на материјали и гориво, сезонска наемнина на работници, продажба на производи на пазар и друго. Кога условите на договорот се едноставни и јасни, предвременото раскинување не е сврзано со поголеми трошоци, ако партнерите имаат висока меѓусебна доверба, па писменото оформување е сврзано само до дополнителни трошоци. Усните договарања меѓутоа имаат сериозни недостатоци како, различно толкување од странките, возможност за неисполнување на условите, неможност за оспорувања пред трета страна и слично. Кај некои форми на договори како што се: купопродажба на земја, на недвижен имот, основачки договор на фирма или кооператива, договор за работа, долгорочна закупнина на земја и слично, писменото оформување и нотарска или административна регистрација е задолжителна.

Шесто-  Практичното исполнување и контрола на договорот е важен дел, кој често е сврзан со значителни трошоци на земјоделците поради организацијата за исполнувањето на задолженијата на партнерот и друго.

Седмо-  Во процесот на исполнување на договорите можат да настанат суштински промени(на цените, сериозно намалување на приносите, реорганизација или ликвидација на едната странка), кои да наложат предоговарање на прифатените обврски со договорот. При постоењето на желба на договорните страни, адаптацијата кон новите услови може лесно да се постигне без трошоци. Меѓутоа често пати некоја од странките може да има дополнителна печалба од новонастанатата состојба и не сака промена на претходно договореното.

Осмо- Често пати договорните услови не се толкуваат еднакво од двете страни и или не се применуваат согласно со договоренот. Тоа може да биде недостиг од писмен договор, непотполно или двозначно формулирани клаузули на договорот или невозможност но и несакање на некоја од странките да ги исполни задолженијата. Кога има добра желба, (интерес) на странките, настанатите договорни конфикти во тек на исполнувањето на договорот, можат лесно да се надминат. Меѓутоа многу често се налага оспорување на правата на некоја од странките на договорот пред трето лице (друг земјоделец, независен експерт, арбитражи и слично). Решавањето на споровите некогаш  може да биде со високи трошоци (за експерти, адвокатски судски такси, финансиски или загуби во призводството) и проблеми за исполнување на договореното. Затоа за повисок степен на исполнување на договорните односи, покрај прецизното формулирање на клаузулите на договорот при неговото составување, исто така и вклучување на заштитни механизми (авансно плаќање, заедничко финансирање на ризични вложувања, поврзување на надомест за труд со крајните резултати и друго.

Секој договор треба да го регулира начинот на неговото завршување и престанување (приемен записник, записник за предавање, определен краен рок на делување, извршување на плаќање и друго). Добро извршување на договорот е од голема важност, зашто меѓу другото ја покажува и добрата репутација на странките,како прифатливи партнери. Секој договор треба да предвиди и услови за прекинување на договореното – рок за претходно известување, прием, компензација идруго. Во современи услови, за многу од договорите се налага да бидат предвреме прекинати поради промена на потребите на странките,  неможност за исполнување, развој на условите на средината и друго.

Проф.Др.Борис Анакиев


Можеби ќе ве интересира

Филхармонија или какафонија

Филхармонија или какафонија

Пинки го виде Тито – во Москва!

Пинки го виде Тито – во Москва!

Проблемите на земјоделците и земјоделските субвенции

Проблемите на земјоделците и земјоделските субвенции

Инклузивни размислувања

Инклузивни размислувања

Празниот тестамент на Груевски

Празниот тестамент на Груевски

Кога светците маршираат

Кога светците маршираат

Макрон: Нема да се потчинувам на диктатот на Путин!

Макрон: Нема да се потчинувам на диктатот на Путин!

Како на Трамп му се случи „СЈО“?

Како на Трамп му се случи „СЈО“?

Иванов ја одигра последната улога на шаховската табла, ќе остане жртвуван како „Коњ“

Иванов ја одигра последната улога на шаховската табла, ќе остане жртвуван како „Коњ“