29 Март, 2024
0.0247

МЕПСО привремено го суспендира „ЕНГ Сервис Трејд“ од пазарот на електрична енергија

Објавено во: Мои пари 20 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

МЕПСО привремено ја суспендира компанијата „ЕНГ Сервис Трејд“ и таа од денеска до 1 ноември го губи правото да работи како снабдувач на пазарот за електрична енергија.  Согласно со Правилата за пазар на електрична енергија (ППЕЕ) МЕПСО како организатор на пазарот на електрична енергија изрекува суспензија во услови кога компанијата не ги исполнува своите обврски кои во овој случај се создадени заради превземена, но неплатена електрична енергија.  Суспензијата ќе биде продолжена до крај на ноември доколку во тој период снабдувачот не ги подмири обврските. Ако и до крајот на номеври не бидат подмирени обврските, МЕПСО согласно со ППЕЕ ќе го раскине договорот со компанијата снабдувач „ЕНГ Сервис Трејд“.

Новиот менаџмент на МЕПСО во период од еден месец ги превзеде сите располживи мерки: издаде опомени, активираше финансиска гаранција и на крај заради неподмирување на обврските привремено  ја суспендираше компанијата снабдувач со електрична енергија согласно со ППЕЕ. Освен овие мерки, МЕПСО ги превзеде и сите расположливи законски мерки и активности за наплата на своите побарувања.

Значајно да се истакне е тоа што сите компании потрошувачи кои досега беа клиенти на „ЕНГ СЕрвис Трејд“ во изминатиов период обезбедија нови снабдувачи со електрична енергија. Со тоа се обезбеди редовно и непрекинато снабдување на тие компании со електрична енергија.

Долгот на снабдувачот „ЕНГ Сервис Трејд“ кон МЕПСО е направен во најголема мерка во првиот квартал годинава, но од засега непознати причини претходниот менаџмент не ги активирал инструментите за наплата на долгот за што МЕПСО  ги извести надлежните државни инстанци.

Одлуката за суспензија на „ЕНГ Серис Трејд“ е објавена на корпоративната интернет страница на МЕПСО.


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија