24 Април, 2024
0.0275

МЕПСО редовно и навремено ги сервисира своите финански обврски

Објавено во: Економија 24 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста сакаме да потенцираме дека МЕПСО нема заостанати неплатени обврски и дека во јавноста беа пласирани  податоци за обврски за кои се водат судски процеси кои ќе бидат сервисирани по окончувањето на судските спорови

МЕПСО, акционерско друштво во државна сопственост кое врши јавни дејности,  редовно и навремено во валутен рок ги измирува своите обврски врз основа на своите  планови и на реализацијата на деловните активности на компанијата.  МЕПСО во рамките на своите деловни потфати има евидентирани обврски кои не се доспеани и не можат да имаат третман на заостанати побарувања. 

Во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста МЕПСО појаснува дека финансиските обврски,  за кои некои медиуми пренесоа дека се заостанати, а беа третирани на прес конференцијата на Министерството за финансии се оспорени обврски за кои компанијата води судски процеси кои се уште не се завршени. Тоа не се заостанати обврски. По поделбата на ЈП Електростопанство на Македонија друштвата кои произлегоа од него имаа меѓусебни побарувања и обврски за кои се водат судски спорови. За потенцијалните обврски кои можат да произлезат од судските спорови МЕПСО има резервирано средства согласно со меѓународните сметководствени стандарди (МСС) кои се презентирани во сите финансиски извештаи на компанијата. МЕПСО по  конечно завршување на судските процеси ќе пристапи кон спроведување на конечни судски одлуки во сите елементи што таа ќе ги содржи и ќе ги исполни сите облигации кои ќе произлезат од неа.

Најсилен аргумент за финансиската состојба на МЕПСО се долгогодишната континуирана соработка со меѓународните финансиски  институции  Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка и Светската банка спрема кои МЕПСО редовно и навремено ги сервисира сите обврски за инвестициски проекти за зголемување на капацитетите на преносната мрежа и доверливоста во управувањето со електропреносниот систем на Република Македонија.  Како резултат на долгогодишната соработка, навременото и редовно измирување на обврските и стекнатата доверба последните две кредитни линии  од ЕБРД се без државни гаранции и без обезбедување. 

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава