24 Април, 2024
0.0266

МЕПСО ќе гради 100 километри нови далекуводи

Објавено во: Економија 23 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

МЕПСО распиша тендер за изградба на четири нови 110 киловолтни далекуводи, процес во кој ќе изгради над 100 километри нова преносна мрежа. Проценетата вредност за четирите нови далекуводи изнесува околу 14 милиони евра.  Тендерот е отворен до средината на април годинава. Станува збор за далекуводи кои ќе се градат на постоечки траси што ги поврзуваат трансформаторските станици:  Битола 1 – Прилеп, Скопје 4 – Велес, Штип – Овче Поле и Велес – Овче Поле. Заедничко за овие далекуводи кои ќе се заменуваат со нови е тоа што се постари од 50 години и се поставени на бетонско-армирани столбови.Новите далекуводи ќе бидат поставени на челично-решеткасти столбови  со нови проводници, овесна и спојна опрема и ќе бидат со поголема пропусна моќ , а новата опрема ќе ги сведе на минимум ризиците од испади. Планирано е градбата на овие далекуводи да заврши во целост до крај на 2020 година.


- Започнавме инвестициски циклус  вреден над 50 милиони евра за ревитализацијата и развој на преносната мрежа со кој  ќе дадеме силен импулс и за македонската економија затоа што директно или индиректно ќе бидат ангажирани домашни фирми и стручни профили, истакна Сашо Василевски, генерален директор на МЕПСО.


Овој голем инвестициски циклус  започна пред шест месеци со ревитализацијата во трансформаторската станица „Дуброво“ по што следуваше и изборот на изведувач за новиот 110 киловолтен далекувод што ги поврзува трансформаторските станици „Штип“ и „Пробиштип“.  Покрај тендерот за 4 нови далекуводи во рамки на овој инвестициски циклус на почетокот на овој месец МЕПСО распиша уште два меѓународни тендери. Едниот е за ревитализација на четири трафостаници: „Битола 2“, „Валандово“, „Осломеј“ и „Скопје 4“ со проценета вредност од околу 8 милиони евра.Другиот е за избор на изведувач за  набавка и инсталација на нови системи за релејна заштита за потребите во трансформаторските станици  на хидроцентралите „Глобочица“, „Шпиље“, „Вруток“ и „Тиквеш“.

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава