Меркел: Ако нема солидарност во миграциската политика ќе биде лошо за европската кохезија
Објавено во: Свет 11 Септември, 2017
Ако нема солидарност во миграциската политика, нема да ја има ниту во другите области и тоа ќе биде лошо за европската кохезија, изјави германската канцеларка, Ангела Меркел во весникот „Франкфуртер Алгемајне Зонтагс-Цајтунг“.
Таа алудира на неколку земји членки на Унијата, кои добиваат
милијарди евра, а одбиваат да примат баратели на азил.
Неколку земји од источниот блок, како Унгарија, Словачка и Чешка го критикуваа механизмот
за наметнување квоти, а минатата недела Европскиот суд на правдата ги отфрли нивните
жалби и потврди дека Брисел има право да ги присилува земјите членки да примат мигранти.
Меркел заради отворните врати за бегалците доби критики како во својата земја, така и од други европски лидери. Неодамна на митинг во својата земја таа беше гаѓана со домати.