Меркел бара финансиски последици за Унгарија
Објавено во: Свет 16 Септември, 2017
Германската канцеларка Ангела Меркел ќе побара финансиски последици врз Унгарија доколку и натаму оваа земја не ги почитува одлуките на Европската унија за прифаќање на бегалци на своја територија.
„Секој кој не ја почитува солидарноста треба да знае дека тоа нема да мине без последици, вклучително и при преговорите за идната финансиска помош“, изјави Меркел во интервју за весникот „Нордвест Цајтинг“ на една недела пред парламентарните избори во Германија, закажани за 24 септември.
Во врска со предлогот на Европската комисија за укинување на времните гранични контроли во рамки на Шенген зоната, Меркел изјави дека Германија засега не може да се откаже од контролите на нејзините граници.