Меркел: Борбата за една посилна Европа вреди
Објавено во: Свет 15 Јули, 2017
Германската канцеларка, Ангела Меркел изјави денеска пред гласачи дека одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ и изборот на Емануел Макрон за француски претседател ја смениле нејзината визија за ЕУ.
Таа изјави дека борбата за една посилна Европа вреди.
„За многумина, вклучувајќи за мене, нешто се промени, кога видовме дека Британците ќе ја напуштат ЕУ, кога се грижевме за исходот од изборите во Франција и Холандија“- рече Меркел пред присутните.
Таа призна дека ЕУ од далеку не е совршена и дека Брисел понекогаш е премногу бирократски.
Според неа членството во ЕУ е една од најсилните страни на Германија. Меркел истакна дека одлуката за „Брегзит“ и победата на проевропските партии над популистите на изборите во Франција и Холандија оваа година, ги промениле нејзините ставови.
Меркел вели дека е отворена за предлози за зајакнување на единствената валута преку создавање на функцијата министер за финансии на еврозоната, кој ќе го контролира заедничкиот буџет за инвестиции и трансфери, наменети да им помогнат на земјите членки да го ублажат влошувањето на економската ситуација.