Меркел: ЕУ треба да прифати уште бегалци, а исламот не е причина за тероризам
Објавено во: Свет 19 Февруари, 2017
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ЕУ се уште ја има одговорноста да прифаќа бегалци и ги повика владите на исламските држави да помогнат за тоа луѓето да се убедат дека тероризмот нема врска со религијата, пренесе Breitbart.
„Важно е исламските, муслимански земји да бидат инкорпорирани во коалиција со ЕУ и со САД, бидејќи сметам дека тие ќе дадат придонес“.
Според неа работата со слични земји е единствениот начин, „со кој ќе се убедат луѓето дека не е исламот проблемот, туку погрешно разбраниот ислам“, вели Меркел.
„Имаме одговорност, ЕУ има одговорност да прифати бегалци“, посочи Меркел.
„Ние не можеме едноставно да не правиме ништо. Треба да се справиме со ова прашање“, забележува уште Ангела Меркел.
Во меѓувреме стана јасно дека 2017-та година ќе биде рекордна по бројот на депортирани мигранти на кои им е забранет бегалски статус. Ова го изјави шефот на канцеларската администрација Петер Алтмаиер.
„Минатата година над 80 000 кандидати за бегалски статус, кои не го добија, беа вратени во своите земји. Тоа беше рекорд и овој број ќе се зголемува“, изјави Алтмаиер за весникот „Билд ам Зонтаг“.
Според негови податоци во 2016 година беа донесени решенија по 700 000 барања за бегалски статус, а речиси 300 000 мигранти добија одбивање. Алтмаиер ја поддржа идејата на министерот за внатрешни работи за создавање на „центри за изпраќање“ на оние кои не добиле бегалски статус.
Според него овие центри може да бидат корисни, бидејќи често се создава ситуација во која сите детали се прецизирани и усогласени, но на денот на заминување над половина од мигрантите не се подготвени да ја напуштат Германија.