19 Април, 2024
0.0282

Меркел го предупредува Груевски да ја прекине блокадата, тој не го менува ставот-бара нови избори!

Објавено во: Македонија 25 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Нема наговестување дека наскоро на македонската политичка сцена нешто би можело да се промени, медиумите пишуваат дека Европската унија размислува за воведување на одредени санкции така што ќе го забрани патувањето и блокира сметките на водечи политичари. 

Германски Шпигел, имено, пишува дека германската канцеларка Ангела Меркел го предупредила лидерот на ВМРО ДПМНЕ да ја прекине блокадата на институциите.

Овој германски дневник наведува дека, иако за тоа официјално не е уште разговарано, Брисел веројатно е многу блиску до одлуката за воведување на санкции за Скопје.

Меркел, се потсетува, на конгресот на Европската народна партија во Малта го предупреила Груевски да престане со блокирање на формирањето нова влада, пишува весникот и додава дека се планирани две санкции против Македонија, доколку во меѓувремено нешто важно не се промени. Се работи за забрана на патувања и блокада на сметките на поедини политичари, а ќе се размисли како се наведува, и за запирање на средства од приступачната помош, која змејава ја прима во рамки на подготовките за членство во ЕУ.

Ако се земе предвид фактот дека денеска Груевски уште еднаш го повторил ставот дека за ВМРО ДПМНЕ излез од кризата се само нови предвремени парламентарни избори, предупредувањата од Европа баш и не допираат до екс премиерот.

„Граѓаните на протести бараат, а и логично е да се стави крај на нивниот револт така што ќе се одржат нови избори.

ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери тоа го побараа уште во јануари. Ако тогаш СДСМ и нивните коалициски партнери тоа го прифатија, сега веќе ќе имавме избори. Сакам да потенцирам дека кога една партија ќе излезе на избори и кога ќе каже едно, а потоа ќе направи друго и со тоа ќе направи крупна изборна измама треба да очекува дека ќе се соочи со револтот на граѓаните. Тоа ѝ се случува и на Македонија, тоа му се случува и на СДСМ“, посочува Груевски.

Минатата недела директна порака од Стејт департментот беше упатена и до претседателот Иванов и ВМРО ДПМНЕ.

„Политичарите кои се обидуваат да го блокираат формирањето на владата, го девалвираат владеењето на правото, го загрозуваат демократскиот процес и стабилност во Македонија и регионот“, исто така е наведено во соопштението на департментот.

Можеби ќе ве интересира

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време