Добивај вести на Viber
Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека курсот на еврото кон доларот од 1,30 до 1,40 долари за евро е нормален.
- Во историски контекст, курсот на еврото од 1,30 до 1,40 долари е нормален - рече Меркел на економската конференција во Берлин, покрај загриженоста на некои земји дека еврото е појако во однос на другите валути.
Меркел истакна дека Германија го поддржува слободното движење на девизниот курс и оцени дека неодамнешните изјави на министерот за финансии на Групата 20 најразвиени земји во светот и стопанства во брз развој, претставуваат добар.сигнал.