Добивај вести на Viber
Компанијата Мерцедес-Бенз планира да инвестира 40 милиони евра во модернизација на две фабрики за производство на автобуси и камиони во Турција, во Истанбул и Аксарај.
За време на својата прес конференција во Истанбул, директорот на Мерцедес за Турција, Волф Дитер Курц изјави дека оваа година компанијата ќе претстави нови патнички и комерцијални возила и дека поради тоа очекува раст на продажбата во 2013 година, пренесе Блумберг.