25 Април, 2024
0.0273

МЕСТО СОЦИЈАЛНА ПОМОШ: Парите на иселениците спас за македонската сиромаштија!

Објавено во: Економија 22 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Парите што иселениците им ги праќаат на своите семејства влијаат врз намалување на сиромаштијата повеќе отколку државната социјална помош .

Токму за оваа тема денеска на Економски форум дебатираа економистите од Институтот за економско истражување и политики-Скопје  „Finance think“.

Од истражувањето на овој институт може да се заклучи дека гастербајтерите на своите семејства дома испраќаат околу 2500 евра годишно .

Во форма на дознаки Македонија од иселениците добива најмалку 400 милиони долари годишно а тие пари покриваат речиси 4 проценти од Бруто домашниот производ.

Главниот економист во  „Finance think“ Благица Петрески посочува дека токму дознаките се ја имаат улогата на неформална социјална заштита за примателите.

Економистите од Институтот за економско истражување и политики укажуваат и дека парите од дијаспората најмалку се користат за инвестирање, додека најмногу се насочени кон купување на храна, облека, плаќање на сметки и долгови. Дел од дознаките се користат и за купување на имот.

Во однос на тоа кој најмногу пари прима од странство, од „Finance think“ посочуваат дека Албанците го имаат приматот.

Тие примаат пари од своите блиски од странство,  а подеднакво ги примаат домаќинства кои живеат во рурални и во градски средини.

Америка и Австралија, како и високо развиените европски земји се државите од каде најчесто македонците примаат дознаки.

Можеби ќе ве интересира

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст