25 Април, 2024
0.0308

Пјотр Ленчевски, Директор на продажба и маркетинг, Скопје Мериот Хотел

Местото за организирање настан не значи ништо без соодветната услуга

Објавено во: Мои пари 23 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Пјотр Ленчевски, Директор на продажба и маркетинг во Скопје Мериот Хотел вели дека Скопје Мериот Хотел е првиот хотел во Македонија од ланецот на Хотелите Мериот, како носечки бренд на Marriott International и потенцира дека за неговото отворање имало голем интерес уште од првиот ден.

Фактор: Скопје Мериот Хотел на 11.05 го прослави својот прв роденден, па на самиот почеток како би ја оцениле првата година од работењето на хотелот? Каков тип на клиенти најмногу престојуваа во вашиот хотел, првенствено од аспект на типот на посетата: дали има интерес и кај туристите или повеќе се присутни бизнис гостите?

·  Скопје Мериот Хотел е првиот хотел во Македонија од ланецот на Хотелите Мериот, како носечки бренд на Marriott International и морам да потенцирам дека за неговото отворање имаше голем интерес уште од првиот ден. На самиот почеток, како премиум хотел со 5 ѕвезди и супериорна комплетна услуга, Скопје Мериот се позиционираше како топ локација и „местото каде што треба да бидеш“ кога се работи за угостителство, и тоа и од бизнис, но и од туристичка перспектива. Како и да е, актуелната ситуација во цела Европа носи многу големи предизвици и туристичката индустрија е онаа која што најчесто е прва на удар. Во таа насока, сметам дека сè уште има многу можности за развој на овој пазар. Кога зборуваме за нашите клиенти, ние сме првенствено бизнис хотел, но се разбира гледаме интерес и од рекреативните туристи. Интересен податок е дека минатото лето забележавме голем интерес за сместување од Македонците кои живеат во Австралија. Дополнително, покрај бизнис гостите и туристите, кај нас престојуваат и голем број на ВИП гости, јавни лица и спортски клубови, но следејќи ги компаниските стандарди, ние ја почитуваме нивната приватност и не објавуваме информации за нив пред нивната посета.

Фактор: Помеѓу бизнис фелата, во последниве години сѐ поголем тренд станува т.н. MICE туризамза кој се смета дека е познат по обемното планирање, но и клиентите со големи побарувања. Пред сѐ, дали и Скопје Мериот Хотел го промовира овој тип на туризам, што тој значи, и дали навистина се соочувате со комплицирани клиенти со големи очекувања?

·  Да, секако дека го промовираме овој тип на туризам бидејќи Скопје Мериот е првенствено бизнис хотел. Сепак, со цел да привлечеме повеќе бизнис гости, најпрво треба и Македонија како земја да се промовира како бизнис дестинација. MICE на англиски е скратеница од Meetings, Incentives, Conferences, Events и постои голем потенцијал во секоја од овие активности да донесе повеќе бизнис патници. Од аспект на нашите клиенти, не ги сметам како комплицирани, туку повеќе како гости со големи очекувања. Како и да е, како бренд со 90-годишно искуство во угостителството, ние го имаме клучот за брилијантна услуга и овозможуваме најдобро искуство за сите наши гости. Дополнително, Мериот ја има својата глобална платформа наречена Meetings Imagined, која претставува еден вид интерактивна алатка која им помага на нашите клиенти да организираат исклучителни настани од секаков вид.

Фактор: Кога зборуваме за MICE туризмот, од аспект на позиција Директор на продажба и маркетинг на ваков препознатлив бренд, како би ја оцениле генералната слика на развојот на овој сегмент во Македонија? Би можеле ли да одвоите една работа по која Скопје Мериот Хотел се издвојува по својата услуга?

·  За жал во Македонија MICE индустријата сè уште не е препознаена како потенцијален сегмент за развој на овој пазар, без разлика на тоа колку многу можности може да понуди на различните бизниси.  Важно е да се разбере дека бизнис патниците трошат повеќе пари во земјата и на тој начин придонесуваат во многу сегменти на туризмот, за разлика од туристите. Тие имаат испланиран буџет за патување, додека пак MICE патниците сакаат да трошат повеќе на скапи и квалитетни искуства. Колку за споредба, нашето искуство вели дека овој тип на патници трошат најмалку 3 пати повеќе од рекреативните туристи. Исто така, важно е да се спомене дека Македонија може да понуди многу уникатни доживувања кои бизнис туристите можат да ги уживаат во своето слободно време, како на пример разгледување на атрактивни локации, прошетки во природа, параглајдинг и сл., а дополнително земјата може да се промовира и како дестинација со одлична храна и вино. Во таа насока, како што напоменав погоре, Македонија мора првенствено да ги промовира своите природни убавини и богатства, но истовремено и своите ресурси и придобивки од аспект на бизнисот за организирање настани. Пред сè зборувам за пониските цени, атрактивни понуди и локации, искусни и обучени тимови итн. Како и да е, уште еден предизвик е фактот дека недостасуваат квалитетни конгресни сали каде што може да се организираат големи интернационални настани, но и слабите авионски конекции кои ќе донесат повеќе бизниси. На крајот, доаѓаме до нашата услуга која нè двои од конкуренцијата. Скопје Мериот Хотел може да смести до 600 гости за различни типови на настани, ја има најатрактивната локација, сите потребни ресурси за секаков вид на состаноци и настани и што е најважно – брилијантна услуга од најискусниот персонал.

Фактор: Кога станува збор за бизнис понудата на Мериот, би можеле ли да ни кажете какви сѐ конкретни услуги нуди хотелот за организирање настани, конференции, семинари и со какви сѐ ресурси располагате?

·  Располагаме со 8 целосно опремени и функционални сали за состаноци за различни деловни потреби. Почнувајќи од конференции, работилници, презентации и приватни состаноци, па сѐ до свадби за 400 гости. Но, она што нè издвојува е нашиот пристап на блиска соработка со нашите клиенти, со цел детално да ја разбереме целта на нивниот состанок и да им ја понудиме услугата која ќе им помогне да ги остварат своите цели за настанот кој го организираат. Местото не значи ништо без соодветната услуга и токму затоа вложуваме многу во обука на нашите вработени со цел да ја понудиме најдобрата услуга и најдоброто искуство во градот.

Фактор: Ја споменавте глобалната платформа Meetings Imagined. На што се однесува оваа платформа и дали сметате дека е доволно позната кај вашите клиенти, и кај странските, но и кај домашните?

·  Првенствено платформата се заснова на премисата дека секој поединечен  состанок е уникатен и тоа е начинот на кој ние сакаме да го организираме за нашите клиенти. Со други зборови, веруваме дека состанокот не се само маси и столчиња. Платформата е еден вид на интерактивна алатка која им помага на клиентите да го определат типот на својот состанок според некоја од 7-те цели за состаноци и според тоа да остварат максимален резултат од истиот. Имајќи го тоа предвид, започнуваме со луѓето, се обидуваме да ги согледаме нивните очекувања и цели на состанокот, и следствено, да испорачаме не само состанок, туку и искуство. Ние ги замислуваме можностите. А, кога станува збор за организирање на настан или состанок во просториите на Мериот, луѓето и нивната експертиза е она што всушност ја прави разликата. Експертите во Скопје Мериот Хотел посветено работат да бидат во тек и да постават нови трендови во дизајнот, кулинарските искуства, пијалаци, бизниси, технологија и уште многу други.

Фактор: За крај, дали можете да наведете пример какви промоции нуди Скопје Мериот Хотел во насока на бизнис платформата Meetings Imagined, а се во ваша надлежност?

·  Со цел да бидеме конкурентни на пазарот, се разбира дека постојано се обидуваме да изнајдеме нови атрактивни понуди за сите наши клиенти. Во моментот, на локално и меѓународно ниво располагаме со навистина атрактивна  групна промотивна услуга наречена POWER UP. Имено, доколку планирате состанок или група, или пак каков било вид на прослава во Скопје Мериот, ќе добиете двојно повеќе т.н. Marriott Rewarding поени, кои можат да се заменат за бесплатен престој или многу други придобивки достапни во Мериот Хотелите насекаде во светот. И дополнително, можете да одберете една од наведените услуги од листата: коктел прием за вашите гости, специјално организиран настан за добредојде за гостите на првиот ден на настанот, бесплатен интернет во собите или пак бесплатна размена на соба во повисока категорија на соби. Со овие придобивки, ги покануваме нашите клиенти да ја земат  предвид POWER UP понудата при организација на нивните настани во 2017 година. 

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет