Мета: Нашиот интерес е Македонија да биде држава со европски вредности
Објавено во: Балкан 29 Декември, 2016
Претседателот на албанскиот парламент, Илир Мета даде поддршка на лидерот на Демократската унија на Албанците, Али Ахмети за неговата иницијатива за обединување на Албанците во Македонија во една заедничка платформа, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана.
„Нашиот интерес е Македонија да биде држава со европски вредности и Албанците да имаат целосни права“ - кажа Мета при посетата на Пешкопеја.
Лидерите на албанските партии од Македонија ќе одат повторно во посета на Тирана, каде ќе се сретнат со албанскиот премиер, Еди Рама.