29 Март, 2024
0.0266

МETA ПО СРЕДБАТА СО ИВАНОВ: Односите меѓу нашите две земји се значајни и за нашата иднина во ЕУ

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Односите меѓу нашите две земји не се само од егзистенцијално значење туку се значајни и за нашата иднина во ЕУ, изјави претседателот на Албанија, Илир Мета, по средбата со македонскиот колега Ѓорге Иванов во „Вила Водно“.

Според Мета, односите меѓу соседите понекогаш се поедноставни, но ние знаеме да ги искомплицираме. 

„Доколку на луѓето цело време им судиме нема да остане време да ги сакаме. Подобро да го трошиме времето работејќи и поддржувајќи се едни со други и притоа сите да имаме придобивка од оваа соработка и заемно разбирање отколку да си судиме едни на други посебно за прашања поврзани со минатото“ - вели  Мета.

Тој додаде дека Македонија и Албанија можат да преставуваат пример за соработка во целиот регион. Мета вели дека албанскиот фактор во Македонија е ориентиран кон стабилност, соживот и интеграции во ЕУ и НАТО. 

„Исто така сакам да ја изразам мојата гордост од македонската заедница во Албанија заради нивните вредности кои и ги даваат на нашата земја, културно богатсво, традицијата и преставуваат мост што ги поврзува нашите земји“ - смета Мета.

Тој вели дека сите со нетрпение очекуваат Македонија да го заземе заслуженото место во НАТО и да означи видлив напредог на патот кон ЕУ. Во таа насока Мета рече дека го охрабрува продолжувањето на дијалогот за решавање на проблемите кои ја спречуваат Македонија на овој пат.

„Македонија членка на НАТО преставува успех на целиот регион и фактор на стабилност во ова турбулентно време. Во однос на соживотот во Македонија го поздравуваме напредокот во однос на одредени прашања како прашањето со јазикот и се надевам дека ваков прогрес ќе имаат и другите прашања за подобар сооднос во Македонија“ - вели Мета.

Мета потврди дека на средбата се разговарало и за подобрување на инфраструктурноста меѓу двете земји со цел да станат уште позначаен фактор во регионот.

Трговската размена на две толку блиски земји не е на завоволитено ниво ниво, рече Иванов и додаде дека според бизнис заедницата, главен проблем е инфраструктурата. 

Можеби ќе ве интересира

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница