20 Април, 2024
0.0333

МФ и Наумов се скараа околу лимитот на задолжувањето: Надминат е или не е?

Објавено во: Финансии 28 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии реагира на обвинувањата на дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов кој упати ургенција до Министерот за финансии со барање за свикување на итна седница на Владата на РМ со цел усогласување на Одлуката на Владата на РМ со која е утврден максималниот износ на ново задолжување преку државни хартии од вредностза 2016 година, со Буџетот на РМ. Согласно Законот за јавен долг член 18 став 4 државните хартии од вредност ги издава Министерството за финансии врз основа на Одлука на Влада со која се утврдува максималниот износ на ново задолжување.

Од МФ се правдаат дека аукциите се прават согласно законот, дека Владата на почетокот на годината носи одлука за МАКСИМАЛНИОТ износ за аукции на државни хартии од вредност, се вели во соопштението на Министерство за финансии а Наумов го обвинија дека шири невистини.

Тоа е МАКСИМАЛНИОТ лимит кој не смее да се надмине. Сепак сумата на издадените хартии од вредност може да биде помала од овој лимит во согласност со износите на буџетот, се додава во соопштението.

„Со ребалансот износот на аукции на државни хартии од вредност не е зголемена, туку е намалена – значи таа е во рамки на одлуката на Владата за максимален износ. Со оглед дека со аукциите годинава се издадени државни хартии од вредност кои се неколкукратно помали од лимитот предвиден и со одлуката на Владата и од лимитот предвиден со ребалансот – што може секој граѓанин да го провери на веб страната на Министерството за финансии, очигледно е дека соопштението на Наумов е со политичка цел, односно да алудира дека Министерството работи неправилно и непрописно како би добил одредени политички поени во овој период“, завршува соопштението на МФ.

На оваа реакција со демант се јави дополнителниот министер Наумов, кој пак тврди дека документите се потврда оти лимитот на задолжувања е надминат.

„Министерството за финансии потврди дека се задолжува врз основа на Одлука на Владата за максимално задолжување чиј износ е поголем од износот утврден со Буџетот за 2016 година. Со тоа министерството потврди дека го прекршува членот 51 од Уставот на РМ во кој е наведено дека подзаконските прописи мораат да бидат усогласени со Уставот и со законите. Заради тоа побарав итна седница на Владата на која ќе се промени износот утврден во Одлуката на Владата и тој ќе биде во рамките на тоа што е пропишано со закон, односно со буџетот.

Министерството за финансии во својата реакција повторно манипулира со официјалните износи по однос на домашно задолжување. Заклучно со 18 ноември 2016 година износот на домашното финансирање по основ на ДХВ изнесува 9.435.000.000 денари и за една милијарда денари над износот утврден со буџетот. Тоа јасно потврдува дека со до сега реализираните аукции на ДХВ е надминат лимитот утврден со буџетот на РМ.

Повторувам дека под итно мора да се усогласат подзаконските прописи со законот, за да не биде доведена во прашање законитоста на аукциите на државни хартии од вредност што ќе се одржат до крајот на 2016 година.

Клиентите на домашниот финансиски пазар не смеат да бидат ставени во ситуација да учествуваат во незаконски распишани аукции на ДХВ и со тоа да бидат ставени во ризик нивните пласмани.

За тоа кој ја кажува вистината потврда е самата Одлука на Владата и извештајот за состојбата на трезорската сметка заклучно со 18 ноември 2016 година“, стои во дописот на Наумов до медиумите.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин