26 Април, 2024
0.0265

МФ: Поради големата побарувачка, намалена каматата на државните хартии од вредност на денешната аукција

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

И покрај политичката пропаганда на СДСМ која настојува да ги прикаже државните хартии од вредност како нешто ненормално во јавноста – иако самите ги воведоа, довербата на инвеститорите во економските политики е огромна, што продонесе за намалување на каматата на државните хартии од вредност, соопштуваат од Министерството за финансии.

Од оваа институција велат дека за скоро три пати поголема била поголема побарувачката од понудата на државни хартии од вредност на денешната аукција.

Сепак, иако инвеститорите побаруваа државни хартии од вредност во износ од над 5 милијарди денари, Министерството запиша 1,9 милијарди денари согласно понуденото во проспектот.

Како резултат на големата побарувачка на државните хартии од вредност на пазарот на капитал, каматата, односно цената која ја плаќа Министерството за финансии на инвеститорите е намалена за 0,2 процентни поени, што воедно е и најниската камата последниве години. За споредба, ако сега каматната стапка е 2,4 отсто за 12-месечни хартии од вредност, додека во време на владеење на СДСМ изнесуваше над 11 отсто.

„Големата побарувачка за државни хартии од вредност од страна на инвеститорите, покажува доверба во економските политики кои се спроведуваат и покрај политичката пропаганда на СДСМ.

Бидејќи партијата по кој знае кој пат ја користеше аукцијата на државни хартии од вредност за политички маркетинг ширејќи невистини во јавноста, повторно би сакале да објасниме:

Државните хартии од вредност се финансиски инструмент за финансирање на буџетскиот дефицит, воведен пред 13 години, кога СДСМ беше на власт. Нивниот министер за финансии Поповски редовно ги издаваше, иако не покриваше дефицит. Ги издаваше по камата 5 пати повиска од денешната, значи државата плаќала пет пати поголема цена за капитал од кој немала тековна потреба. Државните хартии од вредност се издаваат во сите економии во светот.

Со буџетот за 2017 предвидено е буџетскиот дефицит да се покрива и од домашни извори. Во моментот на пазарот на капитал има голема голема побарувачка за државните хартии од вредност, што значи дека тие можат да се издадат со пониска камата, односно со помала цена на капиталот.

Министерството за финансии уредно го спроведува буџетот и води прудентна политика на јавен долг. Повеќе меѓународни финансиски институции, меѓу кои и Меѓународниот монетарен фонд оценија дека нивото на долгот е умерено, а дека пазарот на државни хартии од вредност одлично функционира“, стои во соопштението на МФ.   

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија