МФ: Согласно закон се исплаќа минимална плата
Објавено во: Финансии 10 Октомври, 2017
Минималната плата се исплаќа согласно законот, соопштуваат од Министерството за финансии.
Од оваа институција денеска соопштија дека во однос на исплатата на платите во јавниот сектор ќе ги почитуваат законите и прописите, а исплатите се вршат согласно законските решенија и доставените барања од буџетските корисници.
Кај дел од институциите веќе се префрлени средства за минимална плата и тие истата ја исплаќаат согласно предвиденото со закон, посочија од министерството, потенцирајќи дека подеднакво важат за сите и истите во целост се почитуваат од нивна страна.