24 Април, 2024
0.0304

МХЕ Тополки тврдат: Пренамената на земјиштето за МХЕ Тополки е обврска на државата од концесискиот договор потпишан во 2015 година со претходната Влада на ВМРО ДПМНЕ

Објавено во: Мои пари 21 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Остро ги демантираме сите невистини и спинови кои ги изнесе опозициската ВМРО – ДМПНЕ и дел од медиумите во врска со случајот со Друштвото МХЕ Тополки, соопштуваат до медиумите.

Од Друштвото МХЕ Тополки истакнуваат дека пренамената на земјиштето и одобрението за градба се обврски кои произлегуваат од Концесискиот договор за изградба на Мали хидроелектрани Тополки, којшто е изработен и потпишан од претходната Влада на ВМРО – ДПМНЕ уште во 2015 година со јасно определени рокови за реализација на договорот. Постапката за пренамената на споменатото земјиште е започната уште во ноември 2016 година од страна на поранешниот министер за транспорт и врски во Владата на ВМРО – ДПМНЕ.

„Иако, уште во 2016 година беа обезбедени сите законски услови и комплетната документација, претходното раководство во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за нас од необјасниви причини го одолговлекуваше процесот на пренамена на земјиштето, надвор од сите законски рокови, за што Друштвото МХЕ Тополки неколкупати реагираше со писмен допис до надлежните министерства раководени од претходната Влада.

Државното земјиштето што се пренаменува никогаш не било, ниту е, ниту ќе биде во сопственост на Друштвото МХЕ Тополки. Споменатото земјиште секогаш е во сопственост на Република Македонија. Воедно и малата хидроелектрана, како објект од јавен интерес, ќе премине во сопственост на Република Македонија, односно нејзините граѓани.

Дека нема ништо незаконско во постапката потврдува и Антикорупциската комисија која дала позитивно мислење за целата постапка за пренамена на земјиштето.

Иако законскиот рок за издавање на одобрение за градба е краток и прецизен, сепак  одлуката за одобрение на градба за малата хидроелектрана е добиена во многу подолг рок од законски предвидениот.

Ова претставува уште еден доказ дека претходната Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, тенденциозно и намерно ги кочела процесите и работела против македонските компании, а особено за оние компании кои градат објекти од јавен интерес и кои се од исклучителна важност за граѓаните на Македонија“, потенцираат оттаму.

Велат дека со ваквите невистинити тврдења и обвинувања изнесени од страна на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ тенденциозно и намерно се нанесува штета на Друштвото МХЕ, како и на неговите основачи коишто градат објекти на јавен интерес, а за доброто на сите граѓани на Македонија.

Доколку и понатаму се продолжи со ширење на невистини и неосновани обвинувања Друштвото МХЕ Тополки ќе покрене соодветни судски постапки.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка