20 Април, 2024
0.0338

Мицкоски- Вучиќ: Македонија и Србија споделуваат повеќе заеднички вредности, но и предизвици за НАТО и ЕУ

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Република Македонија и Република Србија споделуваат повеќе заеднички вредности, но и предизвици поврзани со членството во НАТО и Европската Унија, беше кажано на средбата помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Белград со српскиот претседател, Александар Вучиќ. 

Тие заклучија дека тука е потребна соработка и размена на искуствата како и еден отворен и транспарентен пристап од двете страни.

Соговорниците разменија мислења и ставови за повеќе актуелни теми врзани со регионалните предизвици, начините за интензивирање на соработката и стратешките интереси на двете држави.

Мицкоски посочи дека водењето на добрососедска политика, меѓусебното разбирање и почитување базирано на принципи и вредности преставува трајна добивка за регионот, а за тоа клучни се интензивните контакти и широко подадената рака за пријателство.

Тој нагласи дека е за градење на мостови на соработка, и дека иднината на Балканот е во прогресивните политичари кои умеат да ги заштитат државните интереси и да придонесат за градење на интегрирани општества.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го информираше својот соговорник и за состојбата во Република Македонија при што изрази загриженост за недостатокот на демократски капацитет на Владата за издржан дијалог, опасноста од политичкиот терор кој се спроведува врз политичките неистомисленици, како и немањето на сериозен концепт за важните прашања од сферата на надворешната политика каде клучно е заштитата на државните и национални интереси.

Мицкоски додаде дека наметнувањето на теми како Законот за јазици, немањето на коцнепт за економски развој, немањето на реформски правец и поразителните економски резултати придонесуваат за слабеење на стандардот на граѓаните, нешто што ја влече државата наназад, и ја одалечува од стратешките интереси за членство во НАТО и ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите