26 Април, 2024
0.0310

Мицкоски: Јавноста чека одговори од Заев до каде е истрагата за корупција за двајца членови на Владата

Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во видео-обраќање изјави дека сегашната власт нема преземено ниту еден чекор за сузбивање на корупцијата.

Вели дека јавноста чека одговори од премиерот Заев до каде е истрагата за корупција за двајца членови на Владата, која беше најавена.

„За 9 месеци оваа Влада нема превземено ниту еден единствен чекор за сузбивање на корупцијата која го разјадува општественото ткиво. Неефикасното и зависно судството останува рак рана, неефикасни институции, отсуство на професионалност во раководниот кадар на полицијата, исклучително корумпиран менаџмент во здравство, како и широко распротранета корупција на институциите кои се во непосреден допир со граѓаните се само мал дел од големата слика за тоа каква држава сме денес“- рече Мицкоски.

Тој вели дека иако Владата ветувала општество во кое нема место за корупција, сега Македонија е означена како најкорумпирана држава во Европа. Тој вели дека корупцијата е распространета во сите институции.

„Македонија не смее да се претвори во место каде граѓаните за да стигнат до една обична услуга која природно им припаѓа, мора да потплатат. Потребна е решителност, независност и волја да се сузбие оваа појава“- рече Мицкоски. 

Maкедонија е најкорумпираната земја од Балканот, но речиси и во Европа, покажува новиот извештај на меѓународната невладина организација „Transparency international“ за 2017-та година.

Податоците за нашата земја се споредливи со просекот на глобално ниво, па Македонија во ова рангирање има 35 поени и го дели 107-то место со Ерменија, Виетнам и Етиопија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот