18 Април, 2024
0.0247

Мицкоски кај стариот вмровски сојузник Орбан

Објавено во: Анализа 03 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Христијан Мицкоски оди по веќе вообичаена рута во лобирањето на ВМРО-ДПМНЕ низ европските престолници, па по Брисел се упати во Будимпешта на средба со контроверзниот унгарски премиер Виктор Орбан кого претседателот Јункер во неформален момент го нарече диктатор. Мицкоски во овој момент се обидува да генерира поддршка за ВМРО-ДПМНЕ од европските сестрински партии, особено од Германија, но и од Унгарија каде претходно Груевски имаше силни сојузници. 

Колку овој потег е добар за имиџот на Мицкоски како тазе претседател на ВМРО-ДПМНЕ допрва ќе се види, но друштвото на Орбан не ветува реформирање на партијата во модерна европска десница, напротив покажува рецидиви од минатото и практична потврда дека се одржуваат истите вредности кои ги имаше и претходното раководство со барање домашни непријатели, притисок врз медиумите и невладиниот сектор. 

На средбата со Орбан од страна на Мицкоски било посочено дека во земјава се врши политички прогон на неистомисленици.

 „Претседателот Мицкоски го информираше Орбан за актуелната политичка ситуација во Република Македонија, потенцирајќи дека власта врши политички терор врз своите неистомисленици. На средбата беше посочено дека Македонија назадува и на економски план и на полето на демократијата со целосно нарушен систем на владеење на правото како основен столб на здравото општество. Како посебен проблем беше разговарано и за слободата на медиумите кои се под притисок во врска со критичкото опсервирање на владините политики“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Унгарскиот премиер и лидер на ФИДЕЗ укажал дека ќе ја продолжи поддршката за интеграциите на Македонија во ЕУ и НАТО, а ќе продолжи и соработката со ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза