25 Април, 2024
0.0261

Мигранти: бенефиции и негативи за економијата

Објавено во: Анализа 28 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Миграцијата може да предизвика социјална тензија и непријателски политички реакции во земјите домаќини, но досегашното искуство претпоставува дека таа исто така може да обезбеди бенефиции од гледна точка на посилен раст, перформанси и леснотии за стареењето на населението, се наведува во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд.

Зголемување со 1 процентен поен на дела на мигрантите меѓу возрасната популација на земјата домаќин може да го зголеми БДП по глава на жител со 2% во долг рок, се вели во извештајот, објавен пред годишниот состанок на ММФ следната недела.

Фондот сепак забележува дека брзата интеграција на новото население е исклучително важна и треба биде олеснета од мерки кои можат да се покажат „скапи во краток рок“за приемната страна (помош за јазик и професионална обука и др.).

Институцијата сепак признава дека миграциските текови, кои во Европа се без преседан по Втората светска војна, претставуваат „предизвик“ во земјите домаќини поради културните разлики и ризиците од политичка експлоатација.