Михајловиќ: Интерес на Србија е стабилноста на регионот
Објавено во: Балкан 22 Август, 2017
Потпретседателката на српската Влада, Зорана Михајловиќ изјави синоќа дека главен интерес на Србија е стабилноста на регионот како предуслов за економски развој, но дека Србија нема да дозволи некој на каков било начин да ја загрози нејзината безбедност.
За критиките на опозицијата за повлекувањето на персоналот на српската амбасада во Скопје, Михајловиќ вели дека токму во времето на владеењето на Демократската партија и на Вук Јеремиќ, Србија била скарана со целиот регион и со најмоќните земји во светот. Поранешниот шеф на српската дипломатија Јеремиќ вчера на Твитер напиша: „Што и да се се случило во Скопје, повлекувањето на целиот персонал е дипломатски дилетантизам и шарлатанство, својствено на банана државите“.