25 Април, 2024
0.0291

Милијардерите размислуваат на поинаков начин од средната класа!

Објавено во: Стил 21 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Понекогаш треба да се смени начинот на размислување за да се промени животот. Најбогатата жена во светот, Австралијката Џина Рајнхард, предизвика вистински медиумски скандал откако го објави својот напис. Во статијата таа ги обвинува луќето од средната класа, дека не прават доволно за да ја обезбедат својата иднина. Дали Рајнхард навистина има право? Стив Сиболд, автор на книгата „Како размислуваат богатите луѓе", поминал речиси три децении во интервјуирање на најбогатите луѓе во светот. Неговата цел била да се разбере она што ги разликува токму овие луѓе од сите други. Еве дел од заклучоците, па пресудете сами: 1. Луѓето од средната класа мислат дека парите се коренот на сите зла. Богатите луѓе мислат дека сиромаштијата е коренот на сите зла. Според Стив, обичниот човек смета дека богатите луѓе едноставно имаат среќа или се заработиле парите по нечесен начин. Сите знаат дека парите на гарантираат среќа, но тие го прават животот на луѓето лесен и пријатен. 2. Луѓето од средната класа мислат дека себичноста е порок. Богатите луѓе мислат дека себичноста е доблест. Богатите луѓе се стремат да постигнат среќа. Тие не се преправаат дека сакаат да го спасат светот, пишува уште Сиболд. Според него, ако човек не се грижи сам за себе, нема како да им помогне и на другите. 3. Луѓето од средната класа имаат "лото менталитет", а богатите имаат менталитет за брзо дејствување. 4. Луѓето од средната класа мислат дека патот до богатството е поплочен со високо образование. Богатите луѓе мислат дека е важно човек да стекне специфични знаења. Многу богати луѓе немаат високо образование, но тоа не им ги спречило да постигнат успех. 5. Луѓето од средната класа се стремат да имаат добра старост. Богатите луѓе сонуваат за иднината. 6. Луѓето од средната класа гледаат парите низ очите на емоции. Богатите мислат за финансиите сосема логично. 7. Луѓето од средната класа заработуваат пари, работејќи нешто што не ми се допаѓа. Богатите луѓе ја следат својата страст. Една од најпаметните стратегии на милионерите е дека го прават она што им се допаѓа и наоѓаат начин да добијат пари за него, пишува уште авторот. 8. Обичните луѓе си поставуваат ниски очекувања, за да не бидат разочарани. Богатите луѓе сакаат предизвици. 9. Луѓето од средната класа веруваат дека треба да направат нешто за да се збогатат. Богатите веруваат дека треба да бидат нешто за да се збогатат. 10. Луѓето од средната класа мислат дека треба да имаат пари за да направат нешто. Богатите луѓе ги користат парите на другите!

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти