23 Април, 2024
0.0272

Милошоски: Собранието се претвора во машинерија за гласање на законите предложени од владејачкото мнозинство

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, власта прави притисок  да не се комплетира составот на ДИК. Тој на својот Фејзбук профил напиша дека министер од редовите на СДСМ се јавувал кај пратениците од владејачкото мнозинство и давал насоки да гласаат против точката за ДИК или таа да се тргне од дневниот ред, закажана за денеска.

„По однос на мојот предлог владејачките партии (Тунтев од СДСМ, Адеми од ДУИ) се изјаснија дека е законски, коректен и дека ќе го поддржат. Истото го потврди и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Но, во меѓувреме стигнале нови наредби од извршната власт до владејачкото мнозинство; министер од редовите на СДСМ се јавил кај неколку пратеници и побарал пратениците да гласаат против одлуката за комплетирање на ДИК или пратениците од владејачкото мнозинство да ја симнат точката за ДИК од дневен ред или СДСМ и ДУИ да ја поместат точката за ДИК подолу и пред истата да дојде на ред седницата да се прекине и презакажувањето на истата да се одолговлекува“, пишува Милошоски.

Тој додава дека според однесувањето на пратениците од власта ќе може да се оцени дали пратениците или Владата го управува и Собранието и кому би му одговарало ДИК да биде некомплетирана и нефункционална.

„Објаснувањата дека се преговара со опозицијата за Изборниот законик и ДИК се бледи изговори бидејќи изборниот законик е широка материја која опфаќа многу прашања, за чие усогласување се потребни неколку месеци. А комплетирањето на ДИК е законска обврска сега и не се коси со  какво било усогласување на Законот во иднина“, додава Милошоски.

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да учествува во работата на Собранието.
Исклучок ќе направат за расправата за законот за употреба на јазиците, за кој оваа група поднесе повеќе од 35 илјади амандмани. Милошоски вели дека нема да присуствуваат во работата на Собранието, сè додека не се содздадат услови за функционирање на правната држава и уважување на улогата на опозицијата во парламентот.

„Собранието се претвора во машинерија за гласање на законите коишто ги предлагаат Владата и владејачкото мнозинство по скратена постапка. Две третини од законите кои досега поминале во Собранието се донесени по скратена постапка, а Владата најавуваше дека секогаш ќе има дебата, ќе се чуе другото мислење итн. Гледате дека нема ништо од тоа. Во такви околности, сметаме дека ова прашање и целокупното учество и ефикасноста на собранието е она што треба да го одговори владејачкото мнозинство, дали е подготвено да создаде услови за учество на сите граѓани во собраниските одлуки“, вели Милошоски.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор