24 Април, 2024
0.0286

Милошоски: Во Управни и Надзорни одбори се поставуваат луѓе со несоодветно образование

Објавено во: Македонија 19 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини власта за незаконско поставување на кадри во Управните и Надзорните одбори, директори на јавни претпријатија и внатре на раководните позиции во државните институции.

Објаснува дека во Управни и Надзорни одбори се поставуваат луѓе со несоодветно образование и познавање на проблематиката.

Тој рече дека „незаконските дејствија се одвивале преку делигитимирање на институциите и поставување на луѓе со несоодветно образование.“

„Особено загрижува фактот што не се почитуваат законите, каде што, законски е определено од кои институции треба да има членови на Управни и Надзорни одбори во одредени агенции како што се Агенцијата за недвижности и катастар и Централниот регистар. Генералниот секретар на Владата заедно со неговиот кум, кој што има адвокатска канцеларија, потпишувал решенија за незаконски поставени лица на овие места во Управни и Надзорни одбори“ – изјави Милошоски.

Тој додаде дека „сето ова се прави надвор од законски предвидените рокови односно по распишувањето на локалните избори, кога де-факто не смее да има прераспределувања, смени, именувања и назначувања.“

Милошоски вели дека на 3 август наводно се донесени решенија за именувања и разрешувања, а дел од нив после седум дена се објавени во Службен весник. Дел од нив не се ни објавени во Службен весник, а препорачани пратки со решенија за разрешување се пратени на 11 август до одредени лица кои што се разрешени од одредени позиции, и тоа значи, после датумот на кој што се распишани локалните избори, кажа Милошоски.

Според него, „за ваквото незаконско постапување Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски зад себе оставил докази кои ќе бидат употребени против него во рамките на правната процедура и ќе бидат поднесени сите пријави кои што законот ги овозможува.“

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

„ЗНАМ ИСПИШУВА НОВА ПОЛИТИЧКА ИСТОРИЈА“: Максим Димитриевски вели, ЗНАМ е третата политичка опција во државава

„ЗНАМ ИСПИШУВА НОВА ПОЛИТИЧКА ИСТОРИЈА“: Максим Димитриевски вели, ЗНАМ е третата политичка опција во државава

ДАВКОВА ОДРЖА ПОБЕДНИЧКИ ГОВОР: Ќе ја направиме Македонија пристојно место за живеење, во која ќе владее правото

ДАВКОВА ОДРЖА ПОБЕДНИЧКИ ГОВОР: Ќе ја направиме Македонија пристојно место за живеење, во која ќе владее правото

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски: Научена лекција, но не и пораз

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски: Научена лекција, но не и пораз

„И КОГА ГУБЕА, ЈАС БЕВ ТАМУ, СЕГА СУМ ДОМА“ - реакција на Нора Шаќири по изборите

„И КОГА ГУБЕА, ЈАС БЕВ ТАМУ, СЕГА СУМ ДОМА“ - реакција на Нора Шаќири по изборите

„ЗА СЕКТА, СЕКТАШКИ РЕЗУЛТАТ“: Се огласи и Боки 13

„ЗА СЕКТА, СЕКТАШКИ РЕЗУЛТАТ“: Се огласи и Боки 13

Бујар Османи прогласи победа во Тетово и Гостивар

Бујар Османи прогласи победа во Тетово и Гостивар

НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ СЕ ВЕАТ ЗНАМИЊА НА ВМРО-ДПМНЕ: Со автомобили и свирежи симпатизерите ја слават победата на Давкова

НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ СЕ ВЕАТ ЗНАМИЊА НА ВМРО-ДПМНЕ: Со автомобили и свирежи симпатизерите ја слават победата на Давкова