Минчев за Фактор Магазин: Влез во НАТО под ПЈРМ е резервна опција
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2017
Бугарскиот политиколог професор Огњан Минчев во интервјуто за Фактор Магазин говореше за можноста да се најде решение за проблемот со името меѓу Македонија и Грција со поактино посредување на меѓународната заедница, за побрзо зачленување во НАТО и преговори за членство во ЕУ, секако и со разрешница од која засегната ќе биде и Бугарија со свои позиции од неодамна склученото партнество преку договорот за добрососедство.
Минчев смета дека брз влез во НАТО со привремената референца ПЈРМ е тешко остварлив бидејќи би бил голем џокер за Македонија што е неприфатливо за Грција се додека не се реши конечно спорот, но и тоа може да биде резервна опција.
Според Минчев решение е можно доколку Македонија не го загрози својот суверенитет, а Грција ги надмине стравовите околу проблемите кои произлегуваат од самото име Македонија за нив.
Во продолжение погледното го интервјуто со Огнен Минчев и целата емисија на Фактор Магазин.
Фактор Магазин се емитува секоја недела од 20.45 на Телевизија 24.