20 Април, 2024
0.0266

Минималната плата во Бугарија и ЕУ: 15 година подоцна

Објавено во: Анализа, Балкан 28 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Mинималната плата во соседна Бугарија е една од најниските во ЕУ. Ова важи како за нејзиниот номинален износ, така и за нејзината куповна моќ (она што човек може реално да го купи со неа). Последново е најважниот од двата показатели, поради различните цени на стоките и услугите во одделните држави.

Малку луѓе сфаќаат дека куповната моќ на минималната плата во Бугарија се зголемува побрзо од онаа во практично сите земји од ЕУ, со исклучок на можеби Романија (во зависност од периодот кој разгледуваме). За да се изврши овој процес е претставена куповната моќ за минималната плата во Бугарија како процент од куповната моќ на минималната плата во секоја од 19-те земји членки на ЕУ, во кои во периодот од 2000 година има воведено минимално плаќање.

Во графиконот можете да ги погледнете податоците за земјите кои ве интересираат. Податоците се на Евростат.

Во споредба со првата половина на 2000 година во втората половина на 2015 година куповната моќ на минималната плата во Бугарија постепено ги пристига земјите како Естонија (раст од 56,8 до 81,7%), Латвија (од 58,4 до 80 , 3%), Литванија (од 40,2 до 79,1%), Словачка (од 42,0 до 72,5%) и Унгарија (од 44,5 до 67,3%).

Во однос на земјата со традиционално највисока минимална плата (Луксембург), реалната куповна моќ на минималната плата кај бугарите се зголемува од 7,6% во првата половина на 2000 година до 25,1% во втората половина на 2015 година.

Единствената земја во која куповната моќ на минималната плата била пониска од во Буграија во периодот е Романија (во 2001 година, втората половина на 2002 година, периодот од 2005 до 2008 година, како и во првите квартали од 2013 и 2014 година).

Брзо растечкото ниво на минимална плата во Бугарија обично е оправдано со аргументи од типот "нормално е минималната плата кај нас да расте побрзо, бидејќи основната вредност е најниска". Иако теоретски е валиден, овој аргумент губи практично оправдување со секоја наредна година, како што покажуваат податоците. Пристигнувањето нна нивоата на куповна моќ на минималното плаќање во други земји не е желба, а факт.

Прашањето е дали продуктивноста на трудот во Бугарија може да поддржува слично темпо на раст, особено што се однесува до лица од ранливите групи на пазарот на трудот (млади, луѓе во старост, лицата со хендикеп, Роми и др.).

Останува опасноста во еден момент растот на минималната плата во Бугарија да биде премногу брз и практично да лиши многу луѓе од можноста да работат легално. Оваа тема не е предмет на оваа анализа.

Во некои земји, како Ирска и Германија минимална плата е воведена подоцна, поради што тие се исклучени од опсегот на оваа анализа.

Од 1 јануари 2016 година се очекува минималната плата во соседна Бугарија да порасне за уште 10,5% и да достигне 420 лв.