23 Октомври, 2017
0.4654
    ALK 7595.8    0.62%     BESK 11000.07    -0.92%     KMB 2800    -0.01%     MKSD 232    0%     MPT 28032.26    -0.95%     OHB 5367.09    -1.52%     REPL 52500    -0.23%     RZLV 45    0%     RZUS 129    1.57%     SBT 2180    -2.64%     STB 940.91    -0.33%     STBP 680    0%     TEL 274.5    0.92%     TNB 13300    -1.48%     TTK 828    0.12%

Министерот Николовски најави изнаоѓање на нови пазари за извоз на македонските јаболка

Објавено во: Агробизнис 27 Септември, 2017

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, денеска присуствуваше на манифестацијата „Преспански јаболкобер“, што се одржа во Ресен. Со откинување на првото јаболко на насадите во „Агроплод“, министерот Николовски и официјално го означи почетокот на годинешната берба на јаболка и на овоштарите им посака бериќет.

Оваа година од аспект на временските прилики беше исклучително лоша за целиот земјоделски сектор.

Особено голема штета од временските непогоди поточно  раните мразеви што го зафатија овој регион, нанесоа огромни штети врз производството на јаболка.

„За таа цел како ресорно министерство изминатиов период интензивно работиме на забрзување на процесот на исплата на обештетувањата не само за оваа година, туку и за претходната 2016 година. Денеска од тука од Ресен, ги информирам овоштарите дека вчера со одлука на Влада, го деблокиравме процесот за исплата на обештетувањата за земјоделците кои претрпеа штети од временските непогоди односно мраз, град и поплави, што се случија во 2016 година. Владата го усвои Акцискиот план за постапување по предметите за настанатите штети од временските непогоди што се случија во 2016 година- процес кој што беше започнат од страна на претходната власт но според одредбите од Законот за заштита и спасување, поради што целиот процес беше заглавен во бирократски процедури“, изјави министерот Николовски.

Тој посочи дека МЗШВ, согласно одлуката на Владата ќе формира Комисија составена од претстваници од МЗШВ, Министерство за финансии, од Биро за судски вештачења и од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Оваа Комисија ќе биде задолжена за прегледување на елаборатите и барањата за штети, за утврдување на конечниот список на лица, висината на штетите кои треба да се надоместат. На овој начин се надминати сите законски пречки, кои досега го кочеа процесот за исплата на обештетувањата. Најмногу барања за исплата на обештетувања за 2016 година има пријавено токму во општината Ресен, каде што над 2.300 земјоделци поднеле барања. Исплатата на обештетувањата ќе се врши според Законот за земјоделство и рурален развој.

„Искрено жалам што не успеавме побрзо да ги исплатиме парите за обештетувањата на овоштарите од овој регион, но слободно можам да кажам дека како ресорно министерство дадовме се од себе, што побрзо да се излезе од законскиот лавиринт кој го создала претходната власт. Следува процес, во кој што ќе се реши и овој горлив проблем, кој најмногу ги засега земјоделците токму од преспанскиот регион.

Како Влада и во периодот што следува ќе го подржуваме производството на јаболка, затоа што како земја имаме потенцијал за квалитетно производство. Ќе работиме на системски мерки, но и на изнаоѓање на нови пазари за извоз на македонските јаболка“, изјави министерот Николовски.

Инаку, пред два дена МЗШВ до Бирото за судски вештачења испрати вкупно 14.360 барања за исплата на обештувања од временските непогоди што се случија во април оваа година, за  34 општини, од кои 1.987 барања се од Ресен.

Министерот Николовски посочи дека дел од ветувањата во Програмата на Владата се исполнети уште во првите три месеци од нашиот мандат. Со цел стабилизирање на пазарот и зголемена поддршка на приходот на земјоделците, со измени на Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2017 година, се обезбедија дополнителни 10 милиони евра, во кои што е вклучено зголемувањето од 10 отсто на постоечката поддршка по хектар за овошни насади, со која што ќе бидат опфатени 15.000 овоштари. Со зголемувањето на субвенцијата по хектар за 10 отсто,постоечката субвенција од 30.000 денари по хектар, сега ќе изнесува 33.000 денари.

За три месеци се исплатија над 84 милиони денари за субвенции за овошен насад и 40,3 милиони денари за субвенции за предадени јаболка во преработувачки капацитети, токму за земјоделците од Ресен.

Инаку според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, досега се откупени вкупно 216.610 килограми конзумни јаболка и 1.329.800 килограми индустриски јаболка. Откупната цена на јаболката од прва класа се движи од 18-25 денари за килограм, а индустриското јаболко се откупува по 5 денари за килограм.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Николовски вети финансиска поддршка за пчеларството

Министерот Николовски вети финансиска поддршка за пчеларството

СТАТИСТИКА: Kолку луѓе може да нахрани германски, австриски, француски земјоделец?

СТАТИСТИКА: Kолку луѓе може да нахрани германски, австриски, француски земјоделец?