29 Март, 2024
0.0268

Министерски изненадувања но и партиски рокади: Што планира новиот мандатар

Објавено во: Македонија 18 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Изненадувања на министерските позиции, но и внатрешни партиски престројувања планира лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дознава  Фактор, од извори во партијата. Според нашите сознанија, функцијата генерален секретар во СДСМ најверојатно ја напушта Оливер Спасовски, а на негово место доаѓа Љупчо Николовски. Сепак, ваквите партиски рокади ќе зависат од тоа како Заев ќе успее да ја испреговара поделбата на министерствата со коалиционите партнери, ДУИ, БЕСА и Алијанса за Албанците.

Доколку, Министерството за внатрешни работи сепак припадне на СДСМ, а не на ДУИ чиј кадар сега го раководи овој ресор, тогаш извесно е дека во МВР ќе се врати Оливер Спасовски. Во таков случај Спасовски ќе ги напушти партиските функции, со оглед дека и СДСМ, но и Спасовски во периодот на техничката вллада кога го раководеше министерството сакаше да се прикаже во светло дека партиските интереси се ставени настрана, а функцијата се извршува професионално.  

Во ваков случај, на местото на Оливер Спасовски во партијата доаѓа Љупчо Николовски. Односно, Николовски би бил генерален секретар на СДСМ и ќе остане пратеник во Собранието. Сепак, за него, како втора опција е во игра и варијантата да биде министер за земјоделство, со оглед дека таму беше како дополнителен заменик министер во техничката влада, но оваа опција сега е ставена во втор план. Третата опција за Николовски е да биде во најблиското опкружување на Заев.  

И позицијата на Дамјан Манчевски се врзува со позцијата на Оливер Спасовски. Односно, со оглед дека сега Спасовски е и координатор на пратеничка група, и извесно е дека ќе го напушти Собранието и ќе оди во извршната власт, тогаш на негово место како координатор на пратеничка група во Собранието доаѓа Дамјан Манчевски. Иако, Манчевски се споменуваше и како министер за транспорт и врски, или за кандидат за градоначалник на Скопје, сепак како искусен во политиката на него се типувало да остане координатор на пратеничката група во Сообрание.  

Рената Десковска, доколку биде повлечена од позицијата – потпретседател на Собрание и замине во извршната власт тогаш на нејзино место како потрпретседател на Собранието се споменува името на Фросина Ременски.

Сепак, се уште  неизвесно е дали Десковска ќе оди во Министерството за правда или ќе остане потпретседател на Собрание, но најверојатно Ременски ќе му биде потребна на Заев во Собранието и нема да ја напушти пратеничката позиција.  

Радмила Шекеринска е извесно дека нема да остане во Собранието и дека таа заедно со Заев ја напушта пратеничката функција. При тоа за позицијата на Шекеринска во игра се неколку опции за високи позции.

За ресорот финансии, во игра се повеќе имиња а засега како најсериозни кандидати се Кире Наумов, но и Драган Тевдовски.

Според сознанијата на Фактор, Заев планира да активира и дел од граѓанскиот сектор и гласни критичари на владата на Никола Груевски, како негови блиски соработници. Тие би се нашле на високи позиции во најблиското опкружување на Заев.

Двајца од актуелните пратеници од редовите на СДСМ, кои на последните парламентарните избори беа позиционирани високо на листите можно е да се најдат како кандидати за градоначалници на идните локални избори, со оглед дека станува збор за поголеми општини каде партијата извојува победа или пак драстично ја намали разликата со ВМРО-ДПМНЕ.  

Н.С 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење