28 Март, 2024
0.0228

Министерство за финансии: „Стандард и Пурс“ грубо се меша во внатрешните работи, нејзиниот извештај е нелогичен и необјективен!

Објавено во: Финансии 24 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии преку соопштение го прогласи извештајот на Стандард и Пурс за неконзистентен и нелогичен. Ја обвини Агенцијата која го намали кредитниот рејтинг на Македонија и за грубо мешање во внатрешните работи на земјата. Во продолжение целосното соопштение на Министерството: „Во однос на извештајот за рејтинг на кредитната агенција Standard&Poor’s, би сакале да информираме дека имаме сериозни забелешки за квалитетот на анализата, точноста на податоците и наведените причини за намалување на кредитниот рејтинг. Прво, намалувањето на кредитниот рејтинг се поврзува со намалената проекција за економски раст и заостанати обврски на буџетот и можност за нивно акумулирање до крајот на годината. Ова е многу чудно и неконзистентно објаснување, ако се има предвид дека во 2012 година S&P го задржа рејтингот на Македонија на исто ниво во услови на негативна стапка на БДПи нерешени обврски кон стопанството. А сега во 2013 година кога растот на економијата е позитивен и има први знаци на заздравување, а заостанатите обврски се целосно измирени и долгот е сведен на нула - S&P го намалува рејтингот на земјата. Очигледна е неконзистеноста на рејтинг агенцијата. Воедно потсетуваме – Македонија е единствена од земјите од Југоисточна Европа која го реши проблемот со исплата на обврските кон стопанството – заклучлно февруари исплатени се сите заостанати обврски и тие редовно се сервисираат и ќе се сервисираат. Воедно, со решавањето на долговите Македонија останува земја со четврто најниско ниво на задолженост во Европа. Ова го потврдија и истакнаа Светска банка и ММФ, кои минатиот месец беа во земјата. Во однос на транспарентноста – Премиерот, минатата година во септември јавно, пред бизнис заедницата ја презентираше состојбата со долговите како и планот за нејзино надминување. Во десетици јавни настапи после тоа од страна на Министерот за финансии и од Премиерот јавно беа соопштувани податоците колку точно обврски се исплатени и колкав е долгот, за на крајот од февруари тој да се сведе на нула. Тоа не го прави ниедна друга земја и РМ е истакнувана од страна на Светска банка како пример како треба да се реши ова прашање. Второ, чудно, да не речеме индикативно, е намалувањето на рејтингот на Македонија годинава кога се случува економско заздравување, за разлика од минатата година кога се соочувавме со потешкотии, а агенцијата S&P ни го задржа на исто ниво рејтингот. Имено, првиот квартал од 2013 година имаме раст на идустриското производство од 2,7% (последните два месеци по 4,5% и 4,2%), извршените градежни работи првите два месеци годинава се удвоени на годишна основа, трговијата на големо забележува раст од 6,8% првиот квартал годинава, додека трговијата на мало раст од 4,4%. Се очекува и понатаму да се задржат овие позитивни економски тенденции, особено благодарение на влезот на странски директни инвестиции во земјава, како и најавата на голем број на нови странски компании кои ќе почнат да работат во Македонија. Би сакале да истакнеме и дека: - Агенцијата со својот извештај неоправдано ја става Македонија во ист кош со земји кои имаат над 60% државен долг (потсетуваме државниот долг на Македонија е 33% и е значително под пропишаната граница со Матришкиот критериум). - Агенцијата со својот извештај си дозволува и да се меша во внатрешната политика на земјата зборувајќи за случувањата во Собранието околу носењето на Буџетот за 2013 година и сосема несоодветно зазема страна споменувајќи дека „членови на опозицијата биле отстранети од Собранието за да се избегне дискусија за зголемените расходи на владата“. На тој начин се прејудицираат случувањата од 24 декември кои се предмет на испитување на Анкетната комисија, а агенцијата грубо се меша во внатрешната политика на земјата. Сите овие факти се потврда за неконзистеноста и нелогичноста на извештајот на S&P, иако сите податоци и факти им беа достапни и презентирани“, се вели на крајот во соопштението од одделението за односи со јавност на Министерство за финансии.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка