24 Април, 2024
0.0293

Министерството за финансии ја презема иницијативата за PayPal

Објавено во: Економија 13 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии официјално ќе се обрати до PayPal и ќе ја отпочне постапката за воведување на услугата „прием на пари” (receive) во Македонија преку платежниот сервис PayPal, соопштија од иницијативата која се покрена на почетокот од месецот. 

Тоа значи дека ќе се овозможи македонските граѓани и фирми да продаваат свои производи и услуги на светските пазар и да вршат прием на плаќања преку PayPal. 

„Добро е да се почне со PayPal бидејќи овој сервис е широко распространет, нуди сигурност на купувачите и со тоа македонските производи и услуги стануваат поатрактивни, и може да се продава дури преку електронски пораки.” изјави Венко Глигоров, водач на иницијативата за PayPal и управител на Логин Системи.

„На македонскиот претприемач треба да му биде едноставно и ефтино својот производ или услуга да ги понуди на светскиот пазар. Десетте најпопуларни веб решенија за електронска трговија во светот имаат можност за сервисот PayPal. Покрај воведувањето на услугата, институциите може да направат популаризација за овие можности во македонската економија”, додаде тој.

На средбата која се одржа во Министерството за финансии, присуствуваа претставници од Министерството за финансии, Народната банка на РМ, министерствата за Економија и Информатичко општество и претставници од 4 деловни банки во Македонија.

Од иницијативата велат дека банките покажале спремност за воведување на оваа услуга. Регулативата на Народната банка на РМ нема ограничувања за користење на PayPal за продажни места во Македонија. И од Министерството за економија потврдиле дека регулативата не спречува продажба и користење на PayPal за уплати.

„Бидејќи македонската валута ја нема на листата на валути во PayPal, истакнувањето на цените на продажните места најверојатно би било во евра. Со тоа би се создала евентуална пречка за користењето на PayPal во рамките на Македонија помеѓу македонските резиденти (субјекти). Затоа, ако не се смени дел од регулативата за девизен режим, PayPal прво би се користел за прием на пари при продажбата на странските граѓани и фирми2, појаснуваат од иницијативата.

На средбата сите ја истакнале потребата Македонија да се отвори и за другите платежни сервиси како Страјп (Stripe), Скрил (Skrill) и други.

„PayPal е корисна работа за сите и Мининстерството за финансии ќе се заложи PayPal да се воведе во Македонија”, изјави Бранимир Јовановиќ, советник на министерот за финансии.

Иницијативата за PayPal за продажни места ја побараа преку 1000 физички и правни лица и таа беше доставена до Министерството за финансии на 29 јуни.


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи