20 Април, 2024
0.0255

Министерството за финансии ќе ја намали фреквенцијата на оддржување на аукции на државни хартии од вредност на два пати месечно

Објавено во: Финансии 28 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Од моментот на стапување на должност на новата Влада, Министерството за финансии не креираше ново задолжување, туку само ги презапишуваше државните хартии од вредност кои во тој момент достасуваа, соопштуваат од кабинетот на министерот за финансии Драган Тевдовски.

Оттаму посочуваат дека во буџетот за 2017 година е предвидено финансирање на буџетскиот дефицит од домашниот пазар и од странско задолжување.

Министерството за финансии смета дека во моментов финансирањето на буџетскиот дефицит на домашниот пазар на државни хартии од вредности има повеќе предности:

1.  Пониски каматни стапки на инструментите кои се нудат на домашен пазар. Каматните стапки се движат во распон од 1,45%  кај 6месечните ДЗ до 3,8% кај 15 годишната ДО. За разлика од домашниот пазар, на меѓународниот пазар на капитал, последната еврообврзница која се издаде минатата година имаше каматна стапка од 5,625% за рочност од 7 години.

2.  Искористување на големата ликвидност која е присутна во банкарскиот систем, како специфична карактеристика на македонскиот банкарски систем.

3.  Можност за задолжување со инструменти со подолги рочности. На домашниот пазар постои можност од задолжувања со државни обврзници со рок на достасување од 10 и 15 и повеќе години, додека на меѓународниот пазар рочностите се покуси (максимум 10 години, но најчесто 5 и 7 години).

Затоа, за да се реализираат постојните расходи во Буџетот за 2017 година, Министерството за финансии, како што информираат ќе започне на домашниот пазар да повлекува поголеми износи од оние кои достасуваат, односно ќе се зголеми нето повлекувањето на државни хартии од вредност.

„Истовремено, Министерството за финансии ќе ја намали фреквенцијата на оддржување на аукции на државни хартии од вредност, на два пати месечно. Ова го правиме со намера да се поттикне секундарното тргување со државните хартии од вредност, каде ќе се јават инвеститори кои имаат потреба од ликвидни средства на покуси рочности од оние кои се нудат на редовните аукции на државата“, соопштуваат од МФ.

Задолжувањето на домашниот пазар на државни хартии од вредност ќе продолжи и на среден рок, но комбинирано со странско задолжување, велат уште од Министерството со објаснување дека ќе продолжат перманентно да ја следат состојбата на меѓународниот пазар на капитал, каде инвеститорите позитивно ја перципираат стабилизацијата на политичката состојба во Македонија и перспективите за македонската економија. 

Показател за тоа, велат е намалувањето на стапката на принос на македонските еврообврзници кои се тргуваат на меѓународните финансиски пазари. 

Од средината на мај, приносите на сите три еврообврзници бележат постојано намалување, што значи дека Македонија би добила пониска каматната стапка од досега при издавање на нова еврообврзница. Затоа не се исклучува можноста за евентуална емисија на еврообврзница за отплата на долг кој доспева во 2018 година.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин